Други технологии > Автоматика

Мерење на количина на вода во пластично шише

(1/5) > >>

avalox7:
Може да се избере еден од овие сензори:load cell,сензор за мерење притисок,оптични сензор,ултразвучни,капацитивни,енкодер,од актуаторите се избира од следните:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Она што треба да опфаќа покрај мерење на количината на вода во едно шише е:да може да се прикажат две точки на мерење на пример да прикаже целосната количина на вода во шишето и некоја рандом точка(на пр. На средина од шишето),како да се намалат грешките заради нелинеарноста на системот,да се идентифицираат границите на самиот систем(до каде точно може да мери,кои се слабости итн.),да може да ја измери количината на вода и за неправилни облици на шише.Ми треба само концептот(принципите) на самите мерења од избраните материјали(се избираат неколку од горенаведените не сите), и самиот начин на изведба за мерења.На пример конкетно ако изберам ултразвучни сензор една од неговите слабости е што е ограничен со дијаметорот на шишето,кога е помал звучниот сигнал што оди во шишето,се одбива од самите “ѕидови на шишето” и дава погрешни резултати.Значи како да се искомбинираат самите компоненти за да може да се дојде до успешен мерилен систем.Ми треба значи само точна дефиниција на концептите на системот во однос на избраниот сензор(добро дефинирана идеја) и оформувањето на самиот мерилен систем(при што ќе опфаќа и другите каракт.:да се прикажат две точки итн.тоа што го имам напишано што треба да опфаќа покрај успешно измерена количина на вода).Самото програмирање и поврзување го правам сам.Фала однапред за секоја сугестија.

GigaWatt:
Јас лично би избрал мерач на потисок. Ако се мери само вода (како што е поставена задачата), густината е веќе позната на водата, наједноставно ќе биде за мерење. Недостаток - нивото ќе важи само за вода, освен ако не се смени параметарот густина во системот за мерење, тогаш ќе важи и за други типови на течности ;).

avalox7:
Само проблемот е што мораш да избериш сензор кој што на прв поглед нема никаква врска со задачата,на пример ултразвучни кој мери растојание,се бара некое поиновативно решение.

GigaWatt:
Епа толку од мојата иновативност :P :D. Не сум иноватор, барем не на ова поле :D.

avalox7:
Хаха,во секој случај фала ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version