Аналогна електроника > Сè останато

Прашање за поврзување на проточен бојлер

<< < (2/4) > >>

Bojan:
обично такви бојлери се поврзуваат со 5х4мм^2 кабел што не ми се верува дека има таков кабел пуштен до вц а за тоа дозвола од евн дека треба за тоа првпат слушам...

MarkoMK:
Провери колкави ти се главните осигурачи кај струјомерите што се.

Од ЕВН, во зависност од побараната моќност од инвеститорот на зградата се ставаат соодветни главни осигурачи.

Пр. Ако инвеститорот побарал 10 kW по броило, ограничен си со пр.25 А осигурачи (ова како пример немора да се точни бројките). Е сега ти ако повлечеш 24 kW ќе ја надминеш одобрената моќност.  Веројатно ќе треба да побараш од ЕВН поголема моќност, односно да ги сменат осигурачите со поголеми, ако задоволуваат другите компоненти (довод, кабел до стан итн..)

bicikle:

--- Quote from: DS on 13.10.2020, Tuesday, 02:15:47 ---гледам има монофазни 8kW. тие нема да вршат работа?

--- End quote ---
не
барај трифазен
мораш нов кабел од табла до бољер, освен ако нема веќе  5х4мм^2 како што кажаја. na 2,5mm^ можеш максимум 6kw и тоа со пазење

milika:
Акo ти е стaрa згрaдaтa oбaвезнo мoјaтa oд 62рa пo25 пo фaзa.Акo е стaрa oбaвезнo нoв дoвoд a тoa чини

trouble92:
Здраво, сакам да се надоврзам на темата, а воедно и да прашам. Сакам да поставам проточен бојлер (сеуште не знам колку kW) но околу поврзувањето и проводниците... планирам да пуштам кабел 5x6mm од таблата со осигурачи до бојлерот, па и да се стави бојлер со поголема моќност да нема проблем(тоа 21/24 kW). Сега... ако ставам бојлер со моќност 21/24 kW ќе ставам осигурачи од 40 ампери на секоја фаза, а ако биде помал како 15/18 kW планирам да ставам 32 ампери осигурачи. Што мислите околу ФИД склопката дали да ја поврзам на цел стан заедно со проточниот бојлер и колку ампери да биде таа или 2 фид склопки да ставам посебно за бојлерот посебно за се останато и колку ампери би биле тие. Исто така што мислите околу 3 те главни осигурачи за доводод до таблата со осигурачи колку ампери би ги ставил тие... ? инаку доводод до таблата со осигурачи мислам дека беше 5x6mm. Ви благодарам

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version