Останато > Сè останато

Помош околу задача

(1/2) > >>

avalox7:
Се работи за флип флоп ЈК две кратки задачи,дали постои некој со слободно време да ми ги објасни?

GigaWatt:
Пукај.

avalox7:
Морам да определам секвенца на генерирање на овие два бројачи,јас користејќи ја табелата на побуди,добивам различни резултати од кај решението.Под а точниот одговор е серијски бројач,што брои надолу:00,11,10,01,00 почетна состојба кај двата е Q1Q0=00.Под б точно решение е синхронски бројач,што брои нагоре 00,01,10,11,00.Ме буни за под а дека clock е поврзан со Q0,доколку може да ми сликате цела постaпка од двете задачи како вие би ги решиле.Еве ја сликата

--- Code: ---https://prnt.sc/twz7kk
--- End code ---
EDIT:Решив под б точно сега само уште под а ми преостанува.

SKOLS_OLD:

--- Code: ---https://prnt.sc/txt05t
--- End code ---

Како што кажа самиот под а е асинхронен down бројач.Главната поворка на импулси(Clock) ти пристигнува само на првиот,а излезот од првиот е влез на вториот Clock.

Ти ја сликнав секвенцата(решението),таблица на вистинитост е само JK се кецови("1"),напиши ја табелата со 4 можни комбинации и заокружи или засенчај дека се кецови.Отсега па натаму,го гледаш само clock-от.Чим clock(поворка од такт импулси) нарасне,се менува Q0(бидејќи ти е поврзан на Q0 и одма тој реагира).Излезот Q0 e влез на clock на вториот ФФ,па ќе има мало задоцнување,но на сликава не ти ставив доцнење за да не ти направи хаос.

Q1 ќе почне да се менува(ако е "1" ќе стане "0" и обратно) само кога Q0 од "0" ќе рипне на "1" и на сликата ти е означено со стрелки.За Q0 вредноста исто гледај ја од clock-ot(На ивица).

За полесно да го решиш,тоа што те буни нацртај го само првиот ФФ.Реши го со ивиците,па дали ќе стане од единица во нула и обратно.Па после за вториот да го решиш,некако со лист поклопи го првиот ФФ,а ослободи го вториот ФФ означи clock2 = Q0,Q1 = излез.

ВНИМАВАЈ на clock на вториот(или на другите доколку имаш повеќе ФФ-а),тој ти е излезот од првиот Флип флоп,и излезот ќе транзитира на ивица која расте.

avalox7:
Значи кога clock на почеток е нула,немаме positive edge,вредностите на Q1 и  Q0 се 00 тоест остануват исти како на почетокот.Кога clock е 1 се негираат и Q1 и Q0 заради Ј и К што се 1,после нареден циклус кога C е 1 се негира Q0=0,Q0=0 =C,значи останува на вториов флип флоп иста вредност од претходно Q1=1.Потоа нареден циклус С=1 прв флип флоп Q0=1, Q0=1=C се негира Q1=0.Секвенцата иде вака 00,11,10,01,00 ова е за Q1Q0.Фала за помошта ми помогна многу.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version