Останато > Алат

Проблем со полнач за батериска штрафилица Parkside

(1/2) > >>

najdo:
Здраво, имам проблем со полнач тип: Parkside PLG 12 A3. На излез треба да дава 12,6V и 2,4А (спрема налепницата). Али од како увидов дека никако не можи да ја наполни батеријата (на полначот има две лед диоди кои сигнализират дали е наполната батеријата, зелена лед или се уште се полни, црвена лед) го измерив напонот додека се полнеше батеријата и беше 10,5V. Додека напонот без батерија е 12,4V. Наредниот ден пак го пробав, исто така, па почна да се палат наизменично црвената и зелената лед и се слушаше како да се менува шумот од високо фреквентното трафо, па го исклучив. Го вклучив пак и не светеше ништо, напон иди до високо фреквентното трафо и толку. Дали некој имал сличен проблем или некоја насока да ми дајте , секоја помош е добро дојдена. Инаку плочката од долна и горна страна изгледа нормално, нема ништо навидум изгорено, батеријата е пробана на друг исти таков полнач и си полни до макс.

LordZi:
Сликај ја плочката, вака на памет тешко да ти помогне некој.

dr-mr:
Дали е батреријата во ред, ако има проблем со некоја/сите ќелии во батеријата или електрониката, полначот може да прави проблем поради тоа или да се вклучува некоја заштита кај полначот.

najdo:
Да, батеријата е во ред, имам друг таков ист полнач и пробана е повеќе пати и се е во ред. Над трафото, лево од диодите, кондензаторот го заменив, сакав и двете диоди да ги одлемам, ама не можев и се откажав.





GigaWatt:
Нешто се има зезнато во SMPS-от. Што... е тоа е веќе малку потешко да се каже. Наверојатно е нешто во примар, ама без шема и/или осцилоскоп, тешко дека ќе дознаеме што е.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version