Останато > Мерна опрема

"Станица" за полнење/празнење на литиумски 18650 батерии

(1/3) > >>

Mkdsime:
Сакам да најдам кај нас ефтини кинески литиумски батерии но ретко кој се со вистинската капацитивност па затоа се решив да ја составам "станицава".
Естетиката ми е на крајно ниво за проекти за домашна употреба.
Горната, помала плочка е полначот на литиумски батерии со заштита од преполнување на батериите, заштита за погрешен поларитет нема.
Плочката полни максимално до 1А батерии како што се од телефон, фото апарати, ќелиите од батеријата од лаптоп итн. Плочката има лед индикации за кога се полни батеријата, кога е полна батеријата и престанува да полни, кога батеријата не е поврзана/не сака да се полни. ( TP4056 5V 1A Lithium Battery Circuit Board Protection Board Charge Module ).
Долната, поголемата плочка е за празнење на батериите и мерење на нивната капацитивност. Како потрошувач за празнење на батериите се користат керамички отпорници. Со плочката идат 2 керамички отпорници со вредност од 7.5 оми 5вати, со користење на 1 отпорник од 7.5оми батеријата се празни со 0.5А, а ако се постават двата 7.5 омски отпорника во паралела батеријата ќе се празни со околу 1А, празнење со поголема струја не е препорачливо.
Плочката има функции за мерење на напонот на батеријата, струјата со која што се празни и капацитивноста во ампер часови, функција за поставување до колку волти да се испразни батеријата. ( 18650 Li-ion Lithium Lead-acid Battery Capacity Meter Discharge Tester Analyzer ).
Двете плочки се поврзини во паралела на влезот каде што се носи напојување. За напојување користам микро усб 5V 2А полнач од телефон. Во иднина би поставил прекинувачи помеѓу плочките за ако користам само една другата да не свети за џабе и прекинувач помеѓу отпорниците за побрзо да можам да го менувам празнењето дали со 0.5А или со 1А да се празнат батериите.



GigaWatt:
Хмммм... интересно проектче ;).

Toma:
Во врска со проектот

bicikle:
@mkdSime
Liitokala e 20 долари, lii-500 моделот, него кај најде ватњрии во мк?

Mkdsime:
Прв пат дознавам за полначов. Пред некоја година имав нарачувано од ebay iMax b6 полнач/празнач за повеќе видови на батерии ама не стигна па му ја качија цената и не купив повторно копија затоа што оригиналот беше околу 10$ повеќе но па за него не најдов достава до кај нас.
Па решив сам да си направам и купив 5парчиња од малите плочки за полнење околу 2-3$. Овие плочки од проектот имале заштита за ако плочката се стави во некаков проект каде што ќе се напојува од батерија, да ја штити батеријата да не се испразни под 2.5V и да не влече струја повеќе од 3А. А има и плочки без ваква заштита 10парчиња за околу 3$ којшто се само за полнење.

--- Quote from: bicikle on 26.03.2020, Thursday, 19:23:27 ---него кај најде ватњрии во мк?

--- End quote ---
Мислиш на плочката за празнење што е со дисплејот ? Таа е од ebay околу 3-4$ ја купив, немам сретнато кај нас.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version