Останато > Мерна опрема

"Old school" 10Hz до 1,3GHz фреквенцметар со осум цифри од др. Бора

(1/2) > >>

LordZi:
Многу одамна го добив по мејл овој проект лично од др. Бора, со напомена да биде само за лична употреба, но мислам дека сега веќе може да оди јавно, особено бидејќи и самиот автор има нешто многу слично објавено на нашиот форум:
http://elektronika.mk/index.php?topic=12598.0
Целокупната изведба е со логички кола без микроконтролер. Плочката долго време ми стоеше 95% пополнета и залемена, па конечно решив да ги искористам овие карантински денови да ја финиширам :). Иначе комплетна шема, плочка, распоред на делови, детално упатство за правење и подесување има во архивата најдоле, па не би ги повторувал овде. Да напоменам само околу транзисторот BF246, бидејќи немав таков ставив BF245 кој има поинаков распоред на изводите, ако ставате таков треба да внимавате на тоа. Стабилизаторите 7812 и 7805 се лемат од долната страна и се штрафат на кутијата (метална) за да се ладат.
Изглед на склопениот модул:









Делот околу UHF влезот. кондензаторите треба да се SMD:



1MHz на пониското HF подрачје:



25MHz на HF и UHF подрачјата:





Иначе на сликите фреквенцметаот не е сеуште подесен, само го пробав тример кондензаторот и со него може да се подесува фреквенцијата горе или доле, финалното подесување ќе биде кога ќе го ставам во кутија и сите делови, трафо, прекинувачот за подрачја, конектори и сл. ќе бидат фиксирани ;).

KiloVolt:
Страшно добар проект, браво.

GigaWatt:
Па не си нормален ;D ;D ;D.

LordZi:
А што ти сега дозна тоа... ;) :o

LordZi:
Финито... :) Денес си доби и кутија, го оставив саат време температурно да се стабилизира па после тоа го подесив, главниот електролит во напојувањето мораше да го легнам за да може се затвори кутијата и едниот кондензатор од 10р во кругот на кристалот го заменив со 33р бидејќи немаше доволен опсег тример-кондензаторот за подесување. Подесувањето треба да се врши стрпливо бидејќи треба да се прават многу мали поместувања на тримерот, но крајниот резултат е точен и стабилен приказ на сите опсези на кои што што можев да го проверам.

1MHz


5MHz


10MHz


25MHz на UHF подрачјето


Внатрешноста на кутијата:


Од надвор:


Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version