Аналогна електроника > Напојувања

Пиезоелектричен генератор

(1/3) > >>

trouble92:
Здраво, замислата ми е преку пиезоелектричниот ефект, односно преку кинетичката енергија од пешаците да се полни батерија од која би се напојувал потрошувач од 200 W. Прво со колкав капацитет акумулатор би бил доволен за да задоволи 200 W (светилки конкретно), а друго какви пиезоелектрични плочки  да се стават и колку, што би биле доволни за да го полнат акумулаторот ? такви плочи има во аларми, честитки сензори за чад и сл. Дали може да се искористат тие во голем број нормално или може да се најдат некои поголеми што би имале поголем капацитет ? Инаку како би било сето тоа- на почеток би имале плочка која што дава наизменичен напон па грецов спој, па кондензатор да го испегла напонот и регулатор пред батеријата, а после инвертор да го крени напонот на 220 V со што би можеле да светат светилките. Ако пропуштив нешто или ако грешам ве молам корегирајте ме. Не е проблем колку чини сето тоа да се изведи, а ако имате информации за цена добредојдено би било и тоа. Ви благодарам.  :)

GigaWatt:
200W светилки нема шанси да напојуваш со такви пиезо плочки. Плус, сметај дека светлото ќе треба да свети ноќе, кога најмалку пешаци има, особено од 12 навечер па натаму. И батерии/акумулатори ако ставиш, пак нема шасни ни преку ден да произведат доволно моќност за да може да напојуваш сијалици (LED, што и да е) со моќност од 200W... барем не континуирано. Ќе светат 1 час при полни акумулатори и после ќе треба да викнеш војска за да ги наполни ;D.

trouble92:
Заборавив да кажам дека светлото ќе свети максимум 2 - 2 и пол часа може и помалку, а преку ден да се полни. Ова би било поставено на премногу фрекфентно место, што би било еднакво на војска.  :D
А и патеката нема да биди проблем да е многу подолга со повеќе пиезо-плочки.... само колку и какви е прашањето  :-\

GigaWatt:
Епа... треба да се проба... најдобро на терен, за вакви работи. Провери колку време би светеле 200W LED слијалици со, еве, 3 акумулатори (оловни, како за кола, пресметај Ah во W, тоа барем е лесно за акумулатори). Значи, полн сјај т.е. да не падне напонот под 10-тина волти. Ако задоволува временскиот рок, провери на мал размер дали може да се наполнат во текот на денот од одење. Ова е потешкиот дел. Ќе треба да изведеш мал дел од уличката со пиезо и да видиш колку струја би давала при нормален промент на пешаци. Земи ги во предвид сите денови и направи една табела, поделена по денови. Ако со „толку и толку“ пиезо се постигнува „толку и толку Ah“ во текот на еден ден, лесно ќе пресметаш колку пиезо ќе ти требаат за да наполниш целосно 2, 3, 4, колку и да ти требаат, акумулатори ;).

Со тоа што сметај дека и акумулатори се потрошен материјал и дека ќе треба да ги менуваш од време на време. Li-Ion батерии се многу подобро решение, но и многу поскапо :-\.

trouble92:
Значи за напојување на светилки со моќност од 200 W би била потребна батерија од 35 Ah i 12 V, со што би се добиле околу 2 часа работа. Јасно тоа се дека треба да се проба на терен но уште нешто ми го „мати“ паметот... пиезо-плочките би давале напон од 3-4 V при по благ стрес а при поголем стрес би давале над 10-15 V, е сега дали да се поврзат сериско-паралелно со што би се имало и поголем напон или има некое друго решение со што би се кренал напонот на 14.2-14.17 V за да може да полни батеријата и што би примениле за да се изработи тоа? А за Li-Ion батерии мислиш за подолг животен век или има и други придобивки?  изгуглав на нет прво ми излезе 12V 35Ah литиумска батерија која чини 364 долари (од 500 намалена).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version