Аналогна електроника > Напојувања

Напојување SON-B21 Колку навивки за дополнителен напон до 200V ако репер се 110V

(1/3) > >>

Toma:
Универзално напојување SON-B21 Колку навивки за дополнителен напон до 200V ако репер се 110V

Мене ми треба пресметка (без виша математика), колку дополнителни навивки се потребни  да добијам 200 волти почнувајќи од 110-те волти (без да се растура и одмотува да би се изброиле навивките од 25V  до 110V, бидејќи сметам дека со тој однос можам да дојдам до целта ).

Јадрото е феритно со димензии 1.3cm (дебелина) х 4.1cm (висина) х 4.5cm (широчина) а средината е во пречник 1.2cm
Јадрото е „слично“ на оваа подолу!



Напојувањето изгледа вака.



На сликата се гледат кои се фабричките напони.



GigaWatt:
Бројот на навивки (општо) зависи од многу фактори: тип на јадро (иако е феритно, има повеќе видови, различни параметри имаат, се делат по ознаки), дизајн на напојување (дали е flyback, half bridge или full bridge), форма на прекинувачк импулси (правоаголни или краткотрајни импулси, т.е. повеќе или помалку, пилести импулси; ако е правоаголен, duty cycle). Има програмчиња кои ова може да го пресметаат, но мора да ги имаш овие информации.

Наједноставно (барем според мене) е да се расклопи и да видиш колку намотки има за онаа навивка која е прва... или, ако е видливо само со вадење на изолацијата (жолтата трака) и можеш да видиш колку намотки има за „тој и тој напон“, направи пропорции и намотај онолку намотки колку што ќе пресметаш. Напонот што ќе го добиеш нема да е многу далеку од оној кој ти треба ;). Бројот на намотки не би требало да биде многу голем... 10-тина, 20 намотки, не би требало повеќе од тоа да се ;).

Toma:
Примарниот дел е скоро потполно иста изведба, па според тоа која би била
--- Quote --- flyback, half bridge или full bridge
--- End quote ---


--- Code: ---https://i.postimg.cc/G2zXvRJG/Mreza-kako-Turska-vo-boja.jpg
--- End code ---
Затоа напишав

--- Quote ---(без да се растура и одмотува да би се изброиле навивките од 25V  до 110V, бидејќи сметам дека со тој однос можам да дојдам до целта ).
--- End quote ---
Не сакав на тој начин ама кога нема друго и тоа е ОК.

Значи одам пешки.
Миалам дека ако нема друг предлог темата е за во канта.
Ќе се снајдам некако (не е хитно)!

LordZi:
Намотај за проба од надвор врз жолтата трака една намотка и измери колкав напон ќе има на неа, според тоа после ќе пресметаш колку намотки би ти требале за 200V.

GigaWatt:
Идејата на LordZi е добра ;).

ПС: Од што е шарена шемава, не можам ништо да видам ;D... но ако не повеќе, се гледа дека е flyback.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version