Електронски уреди > Аудио опрема

...Засилувач Technics SU-V 560....поправка

(1/3) > >>

bumbar:
....Засилувачот Technics SU-V560 почна да осцилира односно да испушта пробивен звук што ми личи на осцилирање . Моќноста не се намалува притоа...

На час го снемува, но потоа пак се појавува...

Во излезниот дел е ИК SVI 3205...

Имате некои идеи - од што се јавува тоа (исушени кондензатори во напјување, прво ми текна...ладен лем на некоја „маса“....)?

Не гледам овдека опција за поставување 5-10 сек видео, но го имам на ФБ...

Каква било насока за поправка е добредојдена...

krema:
Постави го видеото на YT и после линкувај го овде.

bumbar:

bumbar:
....Taka e ок или треба само линкот? Непријатниот звук е во почетокот на видеото...

LordZi:
Звукот се појавува кога засилувачот е ладен/загреан? Ако го потчукнеш се појавува/губи?
Јас прво на добро светло би ја прегледал со лупа целата плочка за ладни лемови, после би мерел ESR на електролити, не само на оние во напојувањето туку на сите, вклучително и најмалите, и тоа би почнал од оние монтирани најблиску до ладилници/моќни отпорници.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version