Аналогна електроника > Напојувања

ON/OFF со еден тастер (APEX)

(1/1)

LordZi:
Уредот е развиен од Миле Славковиќ (APEX AUDIO) за вклучување/исклучување засилувачи (или др. уреди) со еден тастер. Напојувањето е со мало принт-трафо 12V неколку вати, има верзија и директно од мрежа преку кондензатор, но оваа варијанта е посигурна бидејќи е целосно изолирана од мрежата. Стенд-бај диодата свети додека е исклучен уредот, кога ќе се вклучи се гаси. Иначе немав во моментот отпорници 1М2 па ставив 1М5, работи без проблем и со нив.
Направив две верзии од плочката (ги има најдоле), за два различни релеи, а секој може лесно да си ја преправи според своите потреби.







Еве ја и оригиналната плочка од Миле:

Otpor:
Алал да ти е,ми ги читаш мислите  ;) Арно што си го пробал ,бидејќи доста од неговите шеми не работат (грешка во pcb,погрешна вредноста на елемент...намерно или ненамерно)така да со резерва би гледал на некој негов проект

LordZi:
Искрено, не сум чул до сега некој да се пожалил дека има грешки во проектите, на комшискиот форум ги утепаа од правење неговите засилувачи.

Bojan:
бистабилно реле има иста функција, без многу зафрканции :D

Navigation

[0] Message Index

Go to full version