Останато > Сè останато

Дисплеј од таблет

(1/2) > >>

Atanas:
Дома имам 2 таблети ( некоја кинеска марка и јас не знам точно што се ) кои стојат така веќе доста долго време. Денес решив еден да отворам и да пробам да го извадам дисплејот и успеав ( за чудо! ) ;D. Овој дисплеј сакам да го користам како некој преносен ( portable ) дисплеј за моето Raspberry Pi, но за тоа треба некој контролер. Каков контролер треба да искористам и дали воопшто може овој дисплеј да се поврзи на некој надворешен контролер ( мислам дека може, но сепак да бидам сигурен )? На задната страна на дисплејот ја има ознаката: ZM70088G

GigaWatt:
Datasheet од ова чудо никаде не се наоѓа, кој знае каков вид на комуникација користи со матичната плоча. Само начекав информација дека има 50 пински конектор, толку. Ако успееш од некаде (не би знаел каде) да дознаеш дали користи LVDS и кои пинови се користат за комуникација, има шанси да искористиш некој од оние универзалнине плочки со VGA, HDMI, итн., но ако користи некој друг стандард... прво треба да се дознае кој, па ако се дознае, да се види дали има евтино (исплатливо) решение за да може да се оспособи овој дисплеј да го користиш како дисплеј за RPi... со тоа што имај на памет дека е 800 x 640 пиксели, што значи дека нема да има многу виска резолуција она што ќе го гледаш на дисплејот, дури и ако успееш да го проработиш.

Atanas:
А дали некој на форумот има таков контролер само за да пробаме?

Утре ќе проверам дали ќе најдам нешто повеќе за дисплејот според матичната од таблетот.

GigaWatt:
Нема зошто да пробуваш ако не си сугурен дека користи LVDS за комуникација. Не знаеш кој пин за што е, има милијарда комбинации. Нема поента да пробуваш ако не знаеш како да го врзеш.

Прво да се најдат некои податоци за тој дисплеј, потоа се останато... јас барем така би терал.

Atanas:
Ознаката на матичната плоча е: M712MC_MB

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version