Електронски уреди > Бела техника

Проблем со фрижидер Samsung RL41WCSW [РЕШЕНО]

<< < (2/17) > >>

GigaWatt:
Новите фрижидери имаат контрола со микроконтролери, потребно е за напојувањето на микроконтролерот и останатата „фина“ електроника ;). Без неа, фрижидерот е практично мртов... исто како и кај програматорите за новите машини за перење и сушење. Ако не може да го оправиш програматорот или не можеш да најдеш адекватен заменски, практично тоа значи фрли ја машината за перење или сушење во отпад :-\.

krema:
Аха, мислев дека станува збор за обичен фрижидер, сепак станувало збор за напреден фрижидер.
Замисли на овие новиве смарт фрижидери со вградено вифи блутут и инсталиран андроид да почне да оди во некој бутлуп оперативниот, за брзо време се` ќе се расипе во фрижидерот додека му најдеш решение. :)

GigaWatt:
Затоа не ги сакам smart уредите... бидејќи ако микро-електрониката не работи, практично ништо не работи и може слободно да го фрлиш во ѓубре уредот ::)... си купил цел „разладен плакар“ кој не може да работи заради едно глупо „сантим на сантим“ чипче... е*ати технологијата ::).

dr-mr:
Нема како на друг начин да се земат повеќе пари од уреди за домакинството, затоа се бута се во нив, опции кои  голем дел корисниците нема ни да знаат дека постојат но ќе ја дигаат цената. Но затоа пак луѓе како креаторите на Mirai botnet се радуваат на нив.
Доколку влезе во некој bootloop или некој друг нездрав мод фрижидерот, надевај се дека комшијата има место во неговиот и е добродушен  :) .

blizzard:
Трафото е пред електрониката. Среќа оно изгорела а не цела плоча.

Некој квази мајстор од ЕВН дирал нешто кај сатовите во зградата и кога дојдов кај меене начекав дупли напон, на сите штекери ми беше 380-400 волти. Фрижидерот ( трафо ) и кафематот изгореа, среќа друго спасив, не знам ни јас како, све искучив, дојде мајстор и стави една контра фаза или како и да се вика и се врати на 220-240.

Сега трафотото да го сменам, дел е од 1000-2000 денари, не ми се купува цел фрижидер ради едно трафо :(   

Кој оправа пишете уште некој и утре ќе вртам телефони...

фала дечки.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version