Останато > Алат

Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.

<< < (3/3)

krema:
@GigaWatt
Предлозите се секогаш добредојдени, ми се допаѓа идејата за тастер (од стар телевизор) но имам едно прашање! :)
Која е улогата на променливиот (плав) тример од димерот? Претпоставувам дека со тоа се штелува колку да биде почетната (стартната) струја кога регулаторот ќе почне да се врти од нула према +.

GigaWatt:

--- Quote from: krema on 20.08.2019, Tuesday, 16:20:56 ---Која е улогата на променливиот (плав) тример од димерот? Претпоставувам дека со тоа се штелува колку да биде почетната (стартната) струја кога регулаторот ќе почне да се врти од нула према +.
--- End quote ---

Не е за струјата (уредот ќе си повлече онолку колку што му треба ;)), тоj е за напонот ;). Врзан е во серија со големиот класичен потенциометар и ја одредува минималната точка на окидање (ставање во проводна состојба) на триакот ;). Практично, одредува колку да биде минимумот ;). Тоа може да се изведе и со класичен (обичен) тример потенциометар, не мора да биде повеќеобртен, но овие делчиња кај Кинезиве се веќе џабе и затоа ставиле повеќеобртен ;). Не мора да има некоја кој знае каква прецизност ;).

krema:
На тоа и мислев, само што лошо се изразив, наместо "напон" употребив "струја". :) Моја грешка. :D

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version