Останато > Алат

Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.

(1/3) > >>

GigaWatt:
Devil имаше ставено слики од негова изработена контрола за леткум (или било каков уред кој може да се контролира со помош на dimmer/димер) во оваа тема. Контролата беше монтирана во О-Г (Г-О ??? ::)... никогаш не научив) дозна со штекер. За жал, сликите се избришани од pic.mk (ах, зошто го користевме pic.mk :-\), но идејата многу ми се допадна :), па решив (скоро 10 години подоцна ::)) и јас да си направам една :).





Контролата може да се користи за огромен број на уреди: сијалици, леткуми, вентилатори, бормашини, брусилки, убодни пили, гравирки (под услов да нема фабрички контрола во нив, инаку ќе „трокираат“), греалки... практично било кој уред до 2KW кој може да се контролира со димер.

Искористениот димер е купен од eBay.


--- Code: ---https://www.ebay.com/itm/152686965377
--- End code ---





Морав малку да ја „осакатам“ контролата за да можам да ја монтирам во дозната, но важно е дека работи :).

Шемите за овие типови на контроли (димери) се општо познати и има многу вакви на форумов, вклучувајќи и онакви кои имаат елиминација на Snap-On (шема за таков димер има во оваа тема). Разликата помеѓу нив е само што ќе се искористи како активна компонента за контрола (триак, SCR) и колку е моќна истата ;). Имено, оваа контрола користи триак кој може да издржи товар до 2KW. Се разбира, со промена на триакот со помоќен, може контролата да се користи и за помоќни потрошувачи, на пример моќни греалки (слични контроли се користат во кафулињата за контрола на греалките кои ги пуштаат зимно време, но тие се дигитални и со далечинска контрола... има и такви на eBay/aliexpress ;)).

Како и да е, поентата на темава беше повеќе околу тоа во што е монтирана контролата, а не толку околу тоа каква е контролата ;). Сакав уште по универзална да ја направам идејата за контрола на било кој леткум на Devil, па еве, само со користење на помоќен триак, си направив универзална контрола за цела плеада на машини и уреди :).

Devil:
Мислам дека негде низ дома се уште ми се наоѓа оваа контрола, последно ја користев за контрола на вентилатор пред неколку години, во меѓувреме си набавив нова лемилка за која што направив димер во малку покултурно куќиште.

LordZi:
Ова е корисна работа да ја имаш, не знаеш кога и за што ќе ти затреба, иначе прв пат вакво нешто видов во списанието SAM некаде 80-те и баш си помислив дека е супер идеја ова со дозната.
Мада, искрено, јас не ги пуштил 2кW низ ова... ;D

GigaWatt:

--- Quote from: Devil on 20.08.2019, Tuesday, 13:28:11 ---Мислам дека негде низ дома се уште ми се наоѓа оваа контрола, последно ја користев за контрола на вентилатор пред неколку години, во меѓувреме си набавив нова лемилка за која што направив димер во малку покултурно куќиште.
--- End quote ---

Без разлика, идејата ти беше одлична ;).

А инаку, првичната причина зошто ја направив беше контрола на вентилатор :D. Имам дома еден вентилатор од клима и нема контрола, а многу јако дува :D.


--- Quote from: LordZi on 20.08.2019, Tuesday, 13:51:08 ---Мада, искрено, јас не ги пуштил 2кW низ ова... ;D
--- End quote ---

Пробано со 1.5KW греач, нема никаков проблем ;). Максимумот е 2KW (10А), но и јас не би го терал до толку.

А со замена на триакот со некој многу моќен, може и кварцна печка ако сакаш да контролираш ;).

Еве со што го пробав: брусилка, вентилатор, леткум, греач.

LordZi:
На триакот за тие струи му треба озбилно ладење, со фабричкото ладилниче не би го треал повише од неколку стотини вати континуирано ;). 

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version