Електронски уреди > Бела техника

Кондензатор за микробранова печка

(1/3) > >>

Mkdsime:
На микрото ми изгоре високо напонскиот кондензаторот(има кус спој) со вредност 0.92uF +-3%  2100V (со толеранцијата би бил некаде 0.89-0.95uF), моментално имам еден половен да го заменам но со малку поголема капацитивност 1.05uF +-4%  2100V (измерен 1.07uF). Дали одговара да го заменам?

LordZi:
На твое место јас би го сменил без многу размислување, блиску се со вредноста, ама нека пише некој што повише се разбира во оваа тематика... :)

Mkdsime:
Фала за одговорот. Го сменив проработе, но ја пробав со помала јачина, ставив на 600W од 800W max. И вака грее брзо.
За во иднина да знам дали има некоја проценка за високо напонски кондензатори колку би било во ред да се отстапи од дадената капацитивност?

GigaWatt:
Немам некое искуство со микробранови, но... си пробал да го мериш напонот на краевите на кондензаторот? Можеби е на граница, можеби е блиску до максималниот пробивен напон на кондензаторот, затоа грее ;).

LordZi:
Грее микробрановата, не кондензаторот ;).
Иначе на него има 2000V, обичните мултиметри одат до 1000V максимум, треба високонапонска сонда или да се импровизира некој  разделник на напон.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version