Аналогна електроника > Напојувања

Регулирано напојување од Elektor 04/1999

(1/6) > >>

LordZi:
Уште едно напојување од списанието Elektor, овој пат целосно транзисторско, без ниту еден интегралец... ;)
Иако делува едноставно, ова е квалитетно и флексибилно напојување кое според потребите може да се направи за широк опсег на излезни напони и струи и сосема добро се покажа во пракса. Посебно е погодно за почетници бидејќи е ефтино за изработка и може да се состави за едно попладне, со делови што се нашле по дома. Изборот на излезниот, па и на другите транзистори не е критичен и тие се бираат според потребите и според трафото што го имаме на располагање. Вака како што е на плочката, јас би препорачал излезната струја да се ограничи на 1,5А и да не се користи предолго на максимум. Ако има потреба од поголема излезна струја треба да се сменат диодите 1N5408 со појаки и да се стават два или повеќе излезни транзистори паралелно, (нормално со емитерски отпорници), а по потреба да се сменат и драјверите за нив.
Иначе да напоменам дека плочката е цртана за BD249C, па ако се користи некој друг транзистор, како на пр. MJE3055, треба да се внимава на распоредот на изводите.
Шемата и изгледот на ППК, целосниот текст и плочката  се најдоле:





Склопеното напојување, ладилникот на сликата е ставен колку за проба и би требало да биде поголем, бидејќи при 1.5А излезна струја за минута-две станува прилично топол на допир.



Atanas:
Супер напојување, изгледа одлично.

Ме интересира кој е максималниот и минималниот напон кој може да го даде ова напојување на излез? Струјата е 1,5А, така? 

Исто така и колкав треба да биде влезниот напон?

LordZi:
Прочитај го текстот, се ти е убаво објаснето таму, вака како што е максимален излезен напон е до 40V, струја до 2.5A, по потреба може да се подесат со тримерите.

GigaWatt:
Заштита од краток спој има?

bicikle:
0…56 оми 3w што е ваљда.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version