Околу форумот > Побарувања

Опции на форумот

<< < (5/5)

ace1903:
Она што сакам да кажам е дека во Recent Forum Topics / Started by / in Board се излистани само последни 5 топици и некој како мене што го разгледувал форумот еднаш неделно има претстава дека единствено што се дискутира е на темите "Клипчиња" и "Смешни слики" кои и баш не се поврзани со електроника.
Имаше интересни теми пред некое време ако не се лажам, како на пример за ЕЦУ за коли, кои не паѓаат во очи бидејки биваат препокриени од некоја опомена за некдиран линк или коментар колку е смешна некоја слика. Претпоставувам дека повеќемина не коментираат и пружаат помош бидејки не ги гледаат другите топици.

krema:
Јас ја користам опцијата Pages така да 20 страни по 5 се 100 последни топика. ;) Со оглед на тоа дека нема многу раздвиженост (за жал) стотиот топик е од крајот на декември 2020 а тоа значи брз увид во последните 9 месеци. :D

GigaWatt:

--- Quote from: krema on 20.09.2021, Monday, 17:10:14 ---Со оглед на тоа дека нема многу раздвиженост (за жал) стотиот топик е од крајот на декември 2020 а тоа значи брз увид во последните 9 месеци. :D
--- End quote ---



Можеби треба да имаме yearly digest ;D ;D ;D ;D ;D ;D.


--- Quote from: ace1903 on 20.09.2021, Monday, 16:01:54 ---Имаше интересни теми пред некое време ако не се лажам, како на пример за ЕЦУ за коли, кои не паѓаат во очи бидејки биваат препокриени од некоја опомена за некдиран линк или коментар колку е смешна некоја слика.
--- End quote ---

Такви теми се препокриени од проста причина што брзо снемува интерес за нив... ОК и кул се како проекти и идеи, но бараат време, пари, тестирање, истражување... нешто што ретко кој кај нас го прави (или можеби го прават, но, очигледно, не сакаат да го презентираат на форумов... или било кој друг форум... ретко имам начекано Македонци по странски форуми, освен Балканскиве, а и ако го има, најчесто само прашуваат нешто, не се оние кои се двигателите на форумот). Ако не ми веруваш, логирај се барем еднаш во неделата на форумот, ќе видиш какви теми се отвараат и ако се отвори таква некоја тема (релативно интересна и за мене, да бидам искрен, но, за жал, бара пари и време), ќе видиш за колку време ќе замре активноста во таа тема. 10, 15 коментари, плафон... и потоа, ништо... штама.

Верувај, за жал, таа е реалноста. Не дека сакам да е така, радо би да не е така, но... за жал, е.


--- Quote from: ace1903 on 20.09.2021, Monday, 16:01:54 ---Претпоставувам дека повеќемина не коментираат и пружаат помош бидејки не ги гледаат другите топици.
--- End quote ---

Мислам дека има опција во тој mod (модфикација, plugin, за recent posts на форумот) да се зголеми бројот на recent posts по страна. Општо прифатен консензус тогаш (мислам дека и членовите беа консултирани кога се префрливме на SMF 2.0.x) беше да има по 5 post-а од страна, а по default мислам дека доаѓаше со 10 post-а по страна. 10 post-а им беше премногу (додека се изскрола надолу до секциите) за повеќето членови, намален беше на 7, па и за 7 некој член мислам дека спомна дека е многу, па го намаливме на 5.

Ако сметаш дека посетеноста на форумот има шанси да се зголеми ако се зголеми овој број на recent posts од 5 на, на пример, 7 или 10, јас немам ништо против, би разгледал каде се менуваше таа опција :) (не знам на памет, одамна беше :P :D).

Се разбира, ќе мора ова да се стави на гласање јавно на форумот, да видиме дали и другите би се согласиле со вакво нешто, со тоа што, се разбира, ќе биде пишана и причината поради која ова би се направило (да се зголеми активноста на форумот)... бидејќи оние кои се запознаени со форумот, генерално, знаат како да стигнат до постарите теми, поентата е за нови членови ова да биде полесно, нели ;).

GigaWatt:
@ace1903: Сега баш разгледав некои опции на форумот... не, генерално земено, SMF 2.0.x нема weekly/daily digest, но ги има следните опции. Може да направиш notify на цела секција од форумот (на пример, Микроконтролери).



Било кој ако пише или отвори тема во таа секција, тоа ќе се смета за notification. Потоа, може да подесиш, сите теми и секции, на кои имаш subscription, да стигаат како weekly e-mail ;).





Со тоа што, во овој случај, сите notications ќе ти стигаат во еден weekly e-mail... значи, дури и ако некоја тема те интересира и некој одговорил во неа во понеделник, тебе ќе ти стигне e-mail тек во недела. Истото важи и за сите останати секции на кои имаш subscription, се стига како еден e-mail во недела.

Значи, може да направиш notify на сите секции во форумот, освен оние за забава и, практично, ќе го добиеш она што го сакаш :).

Со тоа што, тоа за долната опција "Nothing at all" треба да го преправиш во "Only replies" ;).

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version