Други технологии > Роботика

Автономно возило

<< < (2/2)

GigaWatt:

--- Quote from: Atanas on 30.05.2019, Thursday, 15:42:43 ---Како на пример, сега сликата се зема од камера и на неа е патеката со поставени кругови и таа е непроменлива се додека не вчитаме друга слика во програмата / кодот. Ова не е толку прецизно, бидејќи кодот не се изршува баш целосно во real-time ( реално време ). За тоа да се избегне, може да се постави камера над патеката која ќе снима целовреме. Односно таа ќе ги бележи промените на самото возило непрекинато, така што ќе знаеме точно каде се наоѓа и како следно да постапува.
--- End quote ---

Ова ти е веќе добра идеја ;).

Но, мислам дека треба да земеш некоја минијатурна камера, бидејќи, дури и кај ваква изведба, пак на крајот камерата мора да го снима патот по кој ќе се движи возилото. Треба да биде по автономно, да не мора камера да лебди над него за да може да се движи по определена тракторија. Предложив камерата да е мала за да може потоа да ја искористиш за да ја монтираш на возилото и со помош на координација од GPS, да може автономно да се движи и да анализира слика и препреки на патот ;). Ова е веќе далеку покомплицирано, но идејата е да биде навистина автономно, нели ;).


--- Quote from: Atanas on 30.05.2019, Thursday, 15:42:43 ---Најголема пречка на ова возило во оваа состојба е непрецизноста на моторите. Односно, користам обични DC мотори на кои што можам да му ја контролирам само брзината и кога да работат, а кога не ( ON / OFF ), а немам повратна врска од нив за нивната позиција како и за патот кој е изминат. Затоа, морам растојанието да го определувам според тоа колкаво време е потребно за возилото да направи 1 ротација. Е, сега бидејќи еден голем ум рекол "времето е релативно", често се случува следниот пат кога ќе го пуштам возилото да работи времето да не се поклопува, па мора додатно да се нагодува. А, за тоа што не оди право да не зборувам... :(
--- End quote ---

Ова ќе мора да се корегира во иднина и да користиш степ мотори. Далеку попрецизни се ;). Пожелно е бројот на полови да е што е можно поголем, но се разбира дека треба да се направи некој разумен компромис меѓу цена и број на полови ;).

Тоа што не оди право ќе се корегира со степ моторите ;). Не ни треба да оди премногу право, сепак, ниедно живо суштество не може да се движи совршено право, па ни луѓето ;). Само ќе треба, исто како и сега, навремено да врши корекции на траекторијата, толку ;).


--- Quote from: Atanas on 30.05.2019, Thursday, 15:42:43 ---Што се однесува до твојата идеја за примена кај хендикепирани лица, се сложувам целосно. Ова е технологија која наоѓа примена речиси секаде каде што има тркала, буквално.  ;D
--- End quote ---

Мислам дека најголем бенефит ќе имаат тие од нешто вакво, затоа и спомнав ;). Сепак, далеку од инклудирани се во секојдневието, а голем дел од нив немаа никаков ментален хендикеп, само физички (како на пример слепите лица), и вакво роботче „водилка“, може многу да им помогне во секојдневието, како и за забавен ноќен живот (сигурно ќе бидат многу интересни и популарни по забавите :D).


--- Quote from: Atanas on 30.05.2019, Thursday, 15:42:43 ---И еве нешто интересно, доколку сака некој да го види возилото во живо, утре ( 31.05.2019 ) ќе учествувам на Skopje Mini Maker Faire кој ќе биде одржан на паркингот кај арената Борис Трајковски во Скопје. Од 10:00 до 19:00 часот. Влезот е бесплатен. Повеќе информации за ова саемче има на следниот линк:

--- Code: ---https://www.facebook.com/events/1045688662295720/
--- End code ---

--- End quote ---

Гледав прилог на вести, ама не го видов твоето роботче :P :D. Имаше посетители? Се заинтересира некој за твојот дизајн?

Atanas:
@GigaWatt Фала за сугестиите и секако дека ќе продолжам да ја усовршувам оваа идеја, па ќе видиме до каде ќе стигне.  :D

Да, имаше доста посетители на кои му беше интересно ова роботче и се ми рекоа да продолжам да работам на него, па дури да размислам како може тоа да се примени во големи фабрики каде се пренесува роба од едно на друго место. Нешто вакво слично користеле во Aliexpress за да ги распределат пратките откако ќе бидат порачани, тоа ми го кажаа луѓе кои ме посетија на мојот штанд.  :)

dr-mr:
 Во многу фабрики се користат роботи кои следат линија или слични, за расзнесување на алат или  делови за работа.

GigaWatt:
@Atanas: Е да, како што е сега дизајнот, скоро директно може да се примени за пренесување на роба во фабрики или магацини од едно на друго место ;).

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version