Аналогна електроника > Напојувања

Напонски конвертор од 6-24V во 5V 3A USB Charger Module DC Buck Conv. - Review

(1/1)

Mkdsime:
Едноставно испитување на плочката со користење на телефони.



 

- За напојување користев акумулатор.
- Униметри : UNI-T UT33c и UT204a.
- 3 мобилни : huawei y300 , lenovo k6 (со него е сликано) и alcatel. ( батериите на телефоните им беа празни околу 30-40%)
- USB "detector" инструмент за мерење на usb напон и струја.


 
Со сите три телефони излезниот напон на усб-то беше 5V, на детекторот е 5.15V но не е точен го измерив со униметрите беше точно 5V, струјата е точна 2.25А, за сите 3 телефони, односно само Леновото се полнеше со 1.2А а другите два телефони по 0.5A.
Влезниот напон (акумулаторот) беше 12.3V со влезна струја од околу 1А со сите 3 телефони приклучени да се полнат.







По 5 мин. полнење на трите телефони температурата на калемот беше 55C, а по 10мин. 60C.
Температурата на влезната диода беше 50C, а по 10мин. 55C.
Температурата на интегрираното коло беше 50C, а по 10мин 55C.
Останатите компоненти не беа загреани.
Температурите при полнење на Леново телефонот со 1.2А беа околу 40C.


Заклучок:
Модулот би бил во ред при користење за полнење на само еден телефон, нема да загрева до толку па ќе нема потреба од дополнителен ладилник.
Незнам како ќе биде со поновиве телефони и таблети со поголема капацитивност на батеријата, Леновото ми е најнов што го имам со капацитивност од 3000mAH. Леновото со оригиналниот полнач се полни со 2А а и со поголем напон од 5.2V, а модулов има точно 5V излезен напон.

GigaWatt:

--- Quote from: Mkdsime on 24.05.2019, Friday, 17:36:38 ---Леновото со оригиналниот полнач се полни со 2А а и со поголем напон од 5.2V, а модулов има точно 5V излезен напон.
--- End quote ---

Не игра голема улога дали напонот на полнење е 5V или 5.2V. На крајот, во самиот телефон/таблет има уште еден контролер за полнење на батеријата кој го намалува напонот до максимум 4.2V ;).

Добра рецензија, значи вреди да се купи ;).

bicikle:
поентата е што треба да има, ама не секогаш има xD Имам некој кинески полнач(power bank) и 10А да пиштиш, толку ќе влече :)(али не без последици), но имаше врска и напонот т.е. до 5в е normal charce па 5-6в е 1А, над 6 полни со 2 А иоколу 8 т.е. над 8 3А+. Секако уредот треба да иматаков марифет за фаст чарџ за да познае со што го полниш, но генерално новиве уреди се доволно паметни за да не напраат хаварија, т.е. на 5+в можеш да полниш со околу 2А и еден ампер да ти остане резерва, што е доста пожелно кај кинеските ампери :D

Navigation

[0] Message Index

Go to full version