Електронски уреди > Бела техника

Прегорена LED SMD од светилка на 220V

(1/12) > >>

krema:
Земав ваква 24w светилка за во тавански лустер но кај една од лентите 1 smd LED e ваљда фалична и не сака да свети таа лента.


--- Code: ---https://www.aliexpress.com/item/3/32853605865.html
--- End code ---

Да бидам попрецизен, на основата каде што е исправувачкиот дел на струјата се редат 8 алуминиумски ленти на кој што има по 6 smd LED, 7 од нив светат но една лента не сака да свети.
При проверка со унимер заклучив дека 5 smd се исправни а 1 не покажува никаков знак. Сите 6 се во серија врзани па и од таму дека целата лента нема да свети.



Немам намера да се расправам со китаецот па ако може да дадете некоја идеја како да ги натерам другите да работат.
Според мое истражување пронајдов дека се користени SMD LED's 5730 за кој вели дека работат од 3 до 3,4v и имаат потрошувачка секоја од нив од 0,5w.



Кое ми е прашањето, дали е можно да го исфрлам тој лед и да ставам некој отпорник (ако е изводливо, каков?) кој ќе емулира потрошувач а со тоа и да го затворам колото на серијата од SMD led's.



Претпоставувам за да работат сите 6 ледови на една лента потребно е струја според карактеристиките од 18v до 21v DC.

Edit:
Сега премерив, секоја од осумте ленти добива по 20v DC.

roliver:
Наједноставно е да го краткоспоиш местото каде е ледот (под него) и се ќе работи (додуша со тоа се намалува векот на сите ледови заради поголемата струја на течење).

А најдобро е да ставиш нова лед на тоа место 5730 или 5630 (ако имаш се разбира).

krema:
Немам таков ЛЕД, инаку и јас така помислив кратко да ги спојам, ама ќе му дојде по 4v на еден LED, а тоа е многу.

LordZi:
Залеми обична бела лед диода на тоа место, не мора да е SMD... ;)

dr-mr:
наместо дијодата стави отпорник како потрошувач не би требалао да прави проблем

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version