ОК... го сваќам вашиот поглед кон работите, но ќе го презентирам мојот.
Значи, ако занемариме агли на дисперзија, поларитет, светлина (топла, ладна), интензитет и земеме во предвид само струја и напон на работа (моќност), кои диоди се најкористени? На пример, дали ми требаат правоаголни (како што се на пример 4020, кои најчесто се користат во LED ленти, мислам на ленти што се продаваат на метро, за осветлување, не за заднинско осветлување кај телевизорите) или повеќето се коцкасти? Има сигурно и кружни. Дали може лесно да се намонтираат кружните на коцкастите и/или обратно, коцкастите на место на кружните (сега мислам на LED лента за телевизор, за заднинско светло)?
Не мислам дека е премногу комлицирано прашањето од овој аспект. Значи, ако ги поделам само по напон и струја низ нив (димензиите се „тука некаде“ на сите колку што имам видено, а и да не се, лесно се прилагодуваат, освен правоаголните, тие сигурно потешко ќе се прилагодат, ама па и ретко се користат, така да, нив не би ги земал во предвид), колку различни типови би ми требале?
Ова го зборувам пред се од аспект на „брза поправка“. Давам пример за телевизор кој чини 7000, 8000 денари. На муштеријата сигурно нема да му се даваат 3000, 4000 денари (работна рака само за тоа треба да се наплати 2000 денари, ако не и повеќе, само да го расклопиш дур да стигнеш до кадата е... подвиг, во многу случаи) само за промена на LED strips или LED диоди. Ќе отиде ќе си купи нов за тие пари... а нема да сака ни да чека еден месец (ако не и повеќе) за да стигнат диодите од Кина, за да може цената на „кварот“ да се намали на 2000, 3000 денари (по цената која се продаваат овие диоди кај Кинезиве, излегува по 5 денари парче, така да, доколку ги имаш купено од Кинезиве, цената слободно може да ја дефинираш само врз база на работна рака), а во многу случаи (барем од она јас што имам анализирано, во муабет, особено ако станува збор за „петпарачен“ телевизор) се спремни да направат компромис во однос на тоа „како ќе свети и изгледа потоа“ само за да добијат пониска цена на целиот процес... и, се разбира телевизор кој, генерално земено, потоа работи како што треба. Се разбира, ќе им се предочат тие МОЖНИ недостатоци пред да им се каже цената на муштериите (или евентуално ќе им се покаже, ако се има некој така преправен во самата работилница) и ако прифатат... зошто па да не, нели
.
Сметајте дека голем дел од муштериите, особено за петпарачните телевизори, ќе прифатат. Зошто? Или таа е куповната моќ на муштеријата или телевизорот седи во некој ќош и е за децата, бабата, дедото, кој и да е, кој и онака или гледа малку телевизија или слабо гледа, па нема да забележи
. Во вакви случаи, барем според мене, вреди да се направи компромисот
.
Искрен да бидам, само еднаш имам менувано LED на телевизор и никогаш повеќе... ептен беше за кумот, инаку сигурно немаше да го правам тоа. Така да, генерално земено, мене ова и не ме засега нешто многу. Ниту сакам, ниту планирам да навлегувам во тој „пазар“ (а немам ни простор каде да сместам XXX инчен телевизор за да го расклопувам
, тие што ми ја знаат работилницата, знаат колкава ми е
). Така да, само дискутирам... чисто ме заинтригира темава... бидејќи забележав по која цена ги продаваат овие LED диоди кај нас, а по која цена одат кај Кинезиве, па се запрашав, дали вреди да се нарачува од секоја можна LED диода посебно по, на пример, 50 парчиња или поедноставно и поекономично е да се нарачаат, на пример, 200, 300 од 10-тина различни типови кои најчесто се користат по телевизориве (или евентуално, едноставно се поставуваат како заменски на местото на други) и кога не е критична цената на чинење на поправката, да се направи тој компромис
.
И има ли некој по сервисерскиве форуми направено некоја концизна листа на овие LED диоди, со работен напон, струја, димензии, слики, топла/ладна светлина и останати спецификации
.