Електронски уреди > Бела техника

Проблем со Фрижидер „Фаворит“

(1/3) > >>

MKD-Boy:
Поздрав дечки!
Пред 3 години имав купено голем комбиниран Фрижидер Фаворит! 3 годинки си беше супер, арно ама пред една недела, се одмрзна и повеќе не ни сакаше да стартува да работи. (бидејќи стоеше во ладно, а и температурите беа под -10) пробав да го загреам, поточно да ги загреам решетките по зади, па и со фен го загреав и моторот! не стартуваше пак, пробав да го загреам и термостатот, пак не уклучи.. на крајот го отворив го извадов релето и кондензаторот, ги тестирав во ред се, потоа го проверив термостатот, и тој е во ред..
Што може да биде дечки ?! и дали би било можно да не ги имам точно проврзано жичките кога го ставав назат Релето ?!(п.с го проверив и тоа заштитното склопче.. нешто како термостатче) функционира и тоа.. Можно е моторот да има отидено од арно седење?

bicikle:
Го провери компресорот директно на 220в?

krema:
Го имав истиот проблем, едноставно овие фрижидери на многу ладно не работат.
Моја препорака е да го преместиш во просторија каде што е потопло. Пробај да го загрееш просторот околу компресорот, стави некое калориферче (не со фен) да му дува топло едно 10 до 15 минути  и ќе видеш дали ќе уклучи.

GigaWatt:
@bicikle: Му треба стартната намотка за да запали, ако го нема стартниот кондензатор во колото за палење, нема да запали, само ќе бучи и ако го оставиш така да работи повеќе од 5, 10 секунди, најверојатно ќе го изгориш моторот.

@MKD-Boy: Моторот сигурно има три пина со кој се врзува со она склоче што го викаш (тоа е стартен склоп, најверојатно кондензатор со некое реле или PTC). Некои имаат и четири пина (со целосно одвоена стартна и работна намотка), ама овие мотори се поретки. Тестирај го моторот како на клипчево.



Ако не покажува краток спој од било кој од трите пина према маса (шасијата на моторот), најверојатно моторот е исправен. Ако покаже краток спој од било кој од пиновите према шасијата, најверојатно е изгорен. Ако покажува краток спој со повеќе од еден од пиновите према маса, сигурно е изгорен. Не ни тестирај ништо повеќе, најверојатно е зезната уште некоја компонента во стартното коло (во отворена врска е), така да, ако го смениш стартното коло, само ќе чуеш едно „пау“ или ќе изгори осигурувач (зависи кој е појак :P :D).

Ако моторот изгледа ОК, врати го назад стартното коло и врзи го директно на мрежен напон (рипни термостати, релиња, тантара, пантара) и види дали ќе проработи. Ако проработи, остави го така да работи час или два (нека го олади фрижидерот). Ако не изгаси, најверојатно се е ОК, но некоја од дополнителните компоненти одговорни за прекинување и пуштање во работа на моторот (т.е. термостатот и некои други пропратни, не знам што се имаат модерниве фрижидери како дополнителна електроника) е зезната. Со мерење може да откриеш која е, тоа не е толку тешко. Стави ја сондата на термостатот во фрижидер (исправен :P) почекај да се олади (околу половина час би требало да биде доста) и врти го, стави го унимерот на beeper подрачје и врзи го на краевите на термостатот, ако со вртење на термостатот почнува да прекинува, т.е. унимерот пишти/не пиши, исправен е термостатот ;). Ако не реагира и цело време покажува отворено коло или кратка врска, неисправен е. Дури и ако слушаш дека прави „цк, цк“, а не реагира унимерот, тоа значи дека е неисправен. Ова најверојатно значи дека контактите му се оксидирани и треба да се исчистат или се залепени (зашмелцувале)... треба да се отвори и да се види. Ти си знаеш дали ти се исплати да го отвораш или не :P.

Во секој случај, доколку моторот пали и фрижидерот работи, се останато е пропратно и лесно може да се преправи, дури и ако не може да се најде оригинална компонента ;). Ако не работи, пиши му пепел. Никој веќе не менува мотори на фрижидери. Новите типови на фреон, какви што користат новите фрижидери, се многу скапи и не се исплати (а мора да го испушти стариот за да го смени моторот и потоа пак да го наполни системот со фреон). Освен тоа, често знаат цевките преку кои е врзан моторот за системот да ги прават од железо или алуминиум, па не можат да се лемат туку се спојуваат со бренер. Е сега, проблемот е... новите типови на фреони се запаливи ::) и сервисериве веќе не сакаат да ризикуваат. Тоа стои мислам и на ознаката на самиот мотор, каде би требало да биде наведен и типот на фреонот кој го користи. Провери ја ознаката за типот на фреонот online, пишува дали е запалив или не (скоро сите нови типови се запаливи, особено оние на поевтините модели на фрижидери). Така да... моли се да не е изгорен моторот... бидејќи дур и ако најдеш некој кој ќе се нафати да го смени, ќе те чини колку нов фрижидер ::).

Со среќа ;).

Пиши и модел ако може ;)... не дека некоја разлика ќе направи, ама нека го има и како модел во насловот на темата ;).

krema:
Како што напишав погоре, истиот проблем го имав и единствено решение ми беше зимно време да го селам фрижидерот во друга просторија каде што е потопло. Не е практично ова решение за жал, но јас така си го решавам проблемот секое зимо.
И оваа зима кога залади ептен после нова година го приметив фрижидерот дека не работи, го преселив и еве го си работи како што треба. Станува збор за исти фрижидер „Фаворит“, горе мала комора за длабоко а долу нормална големина на фрижидер.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version