Аналогна електроника > Сè останато

Уред за заштита од комарци (дефект)

(1/7) > >>

krema:
Станува збор за оние уреди во кои што се става таблета, се вклучува во струја, почнува да грее и таблетата испушта миризба која што ги одбива комарците. Мене ми е ефикасен овој начин за одбрана од комарци. :)

Овој кај мене не грее, го отварив и внатре има само еден керамички 5W 10к отпорник (отпорникот е прицврстен под плехче и треба да оддава топлина накај таблетата, има улога на грејач) и лед диода со отпорниче која светнува кога е вклучен во штек уредов.

Прашањето ми е дали ова вака реално може да функционира 10-12 саати нон-стоп уклучен во штек? Немам идеја зошто рикнал керамичкиот отпорник (дали премногу греел или пак е неквалитетен отпорник), пробав да најдам кај мене ваков керамички отпорник и не најдов па вероватно ќе порачам од „Али“.
Дали да барам ист ваков од 5W 10к или може да пробам со помала или поголема вредност од моменталниот отпорник (пример 5W 8,2к или 5W 12к)?
Не знам со која отпорност ќе грее помалку или повеќе?
Секоја сугестија е добредојдена :)

И една слика за илустрација.

LordZi:
Не мора да нарачуваш од Али, ваков отпорник има во секоја трафика, купи си од кај нас... ;)
Со помала отпорност ќе грее повеќе, со поголема ќе грее помалку. Можеш слободно да го смениш со ист таков, а не гледам проблем и да ставиш 12k 5W, ќе грее нешто помалце но би требало да трае подолго. Можеш да ставиш и два од по 5к6 5W сериски, ќе има поголема површина за греење.

krema:
Фала @LordZi
но кај мене (Штип) има само една трафика за отпорници, истата со тек на време се преориентира на покомерцијална роба (глувци, тастатури, рутерчиња и слични џиџамиџарници) многу слабо има вакви специфични делови. Барав по неколку плочи од стари расходувани телевизори ама и таму не најдов.

Дилемата е разрешена :)

LordZi:
Ова е релативно честа вредност, сигурен сум дека ќе најдеш, може и од расходувани уреди, мада не се исплати пошто ефтини се и нови, не знам точно но претпоставувам не се повеќе од 20-30ден... ;)

krema:
Абе јас би одма земал нови, ама како што реков погоре во Штип имаме една единствена продавница каде што можат да се набават отпорници (обично 1/4w а 1/2w потешко) , кондензатори најосновни до 16v а за поголема струја оскудација :), по некое заостанато IC и.т.н
За цени да не ти разправам (дупло за разлика од Скопје или Битола).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version