Аналогна електроника > Сè останато

Безконтактен ЕЕГ монитор?

(1/3) > >>

Ultron7:
Оваа тема можеби припаѓа на "радио техника" но дилемата настана бидејќи не се предмет на дискусија само филтер-фазата или антената, туку идејата и нејзината изводливост како целина.

Идејата: да се направи безконтактен монитор на мозочна активност со една или повеќе антени поставени на разни локации на главата, на оддалеченост од максимум 1цм.

Ова е всушност безконтактен ЕЕГ (анг. кратенка) кој наместо електроди мозочната активност ја детектира преку емитираните радио-бранови.

Проблемот е во тоа што мозокот емитува електро-магнетни бранови во ЕЛФ (екстрeмно-ниско фреквентен) опсег, популарно поделени на алфа,бета, гама итн. Зошто проблем? Најпрвин, како што знаеме, енергетската мрежа се состои од наизменични напони на истотака ниски фреквенции (50-60 херци) а тоа значи дека дури со нископропусен филтер повторно би имале интерференца. Дури и кога би користеле Р-Ц филтер со 2 или 3 полови, повторно фреквентната карактеристика не би опаѓала доволно брзо (ова може да се заклучи од вообичаениот бодеов дијаграм).
Првото прашање е, кој е најефикасниот начин да изолираме и анализираме сигнал на овие ниски фреквенции? Разликата помеѓу целниот и непосакуваниот сигнал е неколку десетици херци а при тоа и самите фреквенции се од ред на десетици херци!

Вториот проблем е антената. За да ваков уред биде преносен (а не да биде комора за магнетна резонанца) потребно е антената(те) да имаат слични димензии со слушалки за на компјутер, или алтернативно да наликуваат на типичните сонди (електроди) за ЕЕГ (како капачиња за потенциометри или слично). Јас не сум многу начитан за радио-техника или телекомуникации но сум приметил дека брановата должина и димензиите на антената се најчесто право-пропорционални, што значи дека ефикасна антена за волку ниски фреквенции би требало да наликува на оние антенски столбови и мрежи за интерконтинентални радио-комуникации (читај "огромна антена").
Прашањето тука би било, дали може да се употреби рамнинска антена налик на оние за РФИД читачи, со изменети димензии но слични? Многу би ценел некаков туторијал/книга/пдф за дизајн на антени воопшто - кои се принципите (пр. како се досетиле дека за биквад антена должината на крак треба да биде ламбда/4? Како воопшто дошле до таа форма? и сл.).

И општо како дискусија - идеи, корисност, ХААРП...

GigaWatt:

--- Quote from: Ultron7 on 20.05.2018, Sunday, 02:49:59 ---Првото прашање е, кој е најефикасниот начин да изолираме и анализираме сигнал на овие ниски фреквенции? Разликата помеѓу целниот и непосакуваниот сигнал е неколку десетици херци а при тоа и самите фреквенции се од ред на десетици херци!
--- End quote ---

Фарадеев кафез... нема друго решение. Ќе мора главата да се стави во метален кафез или кутија врзана со маса... што може да е уште понепријатно (и клаустрофобично, не ги занемарувај фобиите, многу луѓе ја имаат оваа фобија) од контактниот ЕЕГ (со електроди).

Евентуално насочени антени... со тоа би можел да ја изолираш околината и да се концентрираат антените на главата... но ќе треба да правиш нешто во форма на кацига, што пак не враќа на првичниот проблем... ќе личи на кафез ::).

Нема лесно решение, барем не ако размислуваш во линеарен режим.


--- Quote from: Ultron7 on 20.05.2018, Sunday, 02:49:59 ---Јас не сум многу начитан за радио-техника или телекомуникации но сум приметил дека брановата должина и димензиите на антената се најчесто право-пропорционални, што значи дека ефикасна антена за волку ниски фреквенции би требало да наликува на оние антенски столбови и мрежи за интерконтинентални радио-комуникации (читај "огромна антена").
--- End quote ---

Да, така е. Колку е пониска фреквенцијата, толку е поголема брановата должина, што значи поголема антена.

Размислуваш во линеарен режим. Think out of the box. Има многу предаватели и приемници кои работат во импулсен режим (во многу кратки временски интервали може да дадат голема моќност, на пример радио интерфејсот кај мобилните телефони, Radio Interface Layer - RIL). Со дигитални филтри, можно е антената да се направи многу осетлива во точно определен фреквентен опсег, а на толку ниска фреквенција, ќе може и на точно определена фреквенција. Со ова ќе може драстично да се намалат димензиите на антените.


--- Quote from: Ultron7 on 20.05.2018, Sunday, 02:49:59 ---Прашањето тука би било, дали може да се употреби рамнинска антена налик на оние за РФИД читачи, со изменети димензии но слични?
--- End quote ---

Да, ќе може. Ако го користиш приодот кој го предложив погоре, со дигитални приемници и филтри, скоро се може да се искористи... дури и метално пенкало.


--- Quote from: Ultron7 on 20.05.2018, Sunday, 02:49:59 ---Многу би ценел некаков туторијал/книга/пдф за дизајн на антени воопшто - кои се принципите (пр. како се досетиле дека за биквад антена должината на крак треба да биде ламбда/4? Како воопшто дошле до таа форма? и сл.).
--- End quote ---

Radio Priručnik za Amatere i Tehničare од Др. Božo Metzger. Ама оваа книга има применливост само кај линеарни системи (предаватели, приемници, антени), не и кај нелинеарни (какви што се дигиталните системи). Кај нелинеарните системи, целосно се губи концептот на димензии на антени, моќност и слични термини бидејќи се е контролирано од страна на софтвер кој е одговорен за сите функции на линеарниот дел, од тоа колку е осетлив, до тоа што од она што се прима се смета за информација, а што не (дигитален филтер).

LordZi:

--- Quote from: Ultron7 on 20.05.2018, Sunday, 02:49:59 ---Многу би ценел некаков туторијал/книга/пдф за дизајн на антени воопшто - кои се принципите (пр. како се досетиле дека за биквад антена должината на крак треба да биде ламбда/4? Како воопшто дошле до таа форма? и сл.).

--- End quote ---

Брај на гугл karl rothammel antenna book, ја има да се симне, мислам дека ја има и на српски, ако не се снајдеш сигурно некој од членовте радиоаматери ја има во електронска форма и може да ти ја даде. Оваа книга ти е библија за се поврзано со антени.

Иначе не знам колку е можно (во аматерски услови) безжично да се пресретнат сигналите од мозокот, не сум експерт за ова, но знам дека потенцијалните разлики меѓу клеточните мембрани, вклучително и помеѓу синапсите на невроните се од редот на миливолти, секое евентуално „зрачење“ на овие сигнали надвор од главата би било екстремно мало и многу тешко да се „фати, филтрира и дешифира“.

batka:
Најмал проблем во случајов е антената.Прво, треба да се направи степен кој мозочните импулси ке ги појачаат и ќе ги ``трансформира ат`` во некој облик на сигнал кој безжично би се пренел до приемник со `` декодер``.Овој пак би овозможил приказ на монитор и печатење на хартија или друг медиум. Убаво е да се има желба, ама треба да се има и големо знаење, но и материјални средства за да се направи такво нешто.



--- Code: ---https://buildyourownantenna.blogspot.mk/2014/07/double-biquad-antenna-calculator.html
--- End code ---

Atanas:
Темава ми фати окце, па сакам да споделам едно мое искуство со ЕЕГ.  ;D

Имено, додека бев во Хрватска во јануари оваа година, имаше изложба во чест на Никола Тесла, изложбата се викаже Nikola Tesla mind from the future, за тие што сакаат да погледнат повеќе следува и линк ( траеше 3-4 месеци). Е, сега да се вратам на темата, во фоајето на објектот каде што се одржуваше изложбата имаше поставено разни мултимедијални елементи од кои беа забавен карактер, каде што луѓето после изложбата може да се сликаат итн итн. Едно од нив беше и ЕЕГ апарат кој што ја кажуваше функцијата на мозокот во реално време, односно на кој што сака му се поставуваат сензори на главата и ја отчитуваат работата на мозокот, а сето тоа се прикажува на компјутер, кој што со точки го мапира мозокот, а исто така кажуваше и различни параметри, како што се крвен притисок, оптеретеност на мозокот и друго ( не можам да се сетам на уште нешто моментално ). А, за тоа дали беше бесконтактен или поврзан беше со жица, не можам да се сетам навистина. Сакав да го споделам искуството само.  ;D

--- Code: ---http://teslamindfromthefuture.com/en/
--- End code ---


EDIT: Пронајдов на интернет комерцијални вакви "слушалки" за ЕЕГ кои што ги пренесуваат информациите преку Bluetooth, може да ги погледнете и самите. А, исто така може да се применат и со Raspberry Pi, и да излезат чудесни проекти.  ;D Интересно е тоа што дометот им е дури до 10 метри.


--- Code: ---http://www.knight-of-pi.org/raspberry-pi-mindcontrol-neurosky-mindwave-as-simple-eeg-interface/
--- End code ---

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version