Стручна литература > Туторијали

Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон

(1/6) > >>

GigaWatt:
Идејата ми дојде кога сватив дека ваквите комерцијални полначи (купени од ebay) имаат недостаток. Имено, колега на работа има купено ваков полнач, но ми спомна дека полначот почнува да полни само ако напонот на батеријата е над 2V. Искрен да бидам, мислев дека ако напонот на Li-Ion батериите падне под 3V, практично батеријата е уништена, но колегата ме разубеди. Ми покажа неколку примери на батерии со напон нешто над 2V кои успешно ги наполнил и моментално ги користи во DIY Power Bank (си ја купил само кутијата и контролата за полнење од ebay, батериите се стари батерии од лаптопи).

Имено, станува збор за овој тип на полнач кој може да се најде online.



Не е баш ваков идентичен, оној на колегата имаше и LED индикатор (полни/наполнета/не полни), но најблиску беше ова до она што го имаше купено колегата. Инаку, овие полначи се користат за полнење на 18650 Li-Ion батерии. Овие батерии се со определени стандардни димензии (нешто поголеми од AA батерии) и се користат во многу различни уреди, најмногу лаптопи (кој расклопувал батерии од лаптопи, знае ;)). За оние кои не знаат како изгледаат овие батерии, еве неколку слики ;).







Е сега, по што се разликуваат овие батерии од батериите за мобилни телефони? Практично, освен во капацитетот... во ништо друго. Од електричен аспект, не се разликуваат многу ни од Li-Po (Lithium-Polymer) батериите бидејќи истите гранични напони (полна/празна) важат и за Li-Ion и за Li-Po батериите. Имено, според стандард, Li-Ion батерија се смета за празна ако напонот на краевите на батеријата е околу 3.7, 3.8V, а се смета за полна ако напонот на краевите на батеријата е околу 4.1, 4.2V. Истото важи и за Li-Po батериите. Освен што се поскапи за изработка, имаат различна хемиска структура и се полесни од Li-Ion батериите, како што спомнав, друга разлика и нема меѓу Li-Ion и Li-Po батериите.

Ова значи дека практично, секој полнач кој може да полни Li-Ion батерии, може да полни и Li-Po батерии и обратно. Ова и не е толку важно, но во конкретниот случај, преправаниот мобилен телефон има Li-Po батерија, па затоа и го спомнувам ова ;).

Пред некоја недела, еден комшија ми донесе една цела кеса со секакви тракатанци во неа, од полначи, адаптери, PC speakers, до стари мобилни телефони. Знае дека се „бафтам“ (како што кажа ;D) со вакви работи, а него не му требале, па чистел по дома и решил да ми ги понуди, ако има нешто корисно таму, да искористам (јасно е дека сум локалниот контејнер ;D). Како и да е, имаше и некои стари мобилни телефони во неа, па си реков, ај... чисто ме интересира дали работи некој од нив. Повеќето беа со подуени батерии, така да, воопшто не можев ни да ги пуштам и да видам дали работат, но еден постар модел на Sony Ericsson беше надежен, батеријата не му беше сосема празна (0.0V).





Кога го измерив напонот на батеријата, беше околу 0.7, 0.8V, но не беше нула. Ме интересираше дали воопшто телефонот ќе сака да ја полни оваа батерија и дали ќе ја наполни. За среќа, овој постар модел имаше индикатор за полнење (LED диода во горниот десен агол од телефонот, можно е да не се гледа на сликата бидејќи диодата свети црвено, а црвена е и маската на телефонот :S), така да, кога го приклучив полначот, веднаш знаев дали телефонот ја полни батеријата, не мораше да чекам напонот да се крене за да се запали дисплејот на телефонот со фамозниот збор "Charging" :D. Како и да е, дојде и тој момент ;) :).



Да не должам, батеријата се наполни до 4.15V и остана полна ;). За жал, немам слика од тоа мерење :S. Пробав и да гo пуштам, телефонот изгледа имаше некој проблем со плочката, кога е маската монтирана на него, не сака да се пушти, само ако е без маска се пушташе, така да, го баталив тој проблем, и онака не ме интересираше тој аспект од мобилниот телефон. Важно е дека без маска, работи ;). Тоа беше тест пробата за батерија, дали брзо ќе падне напонот ако малку го „погњавам“ телефонот. Чепкав низ мениа, направив неколку разговори... батеријата се однесуваше најнормално (како за толку стара батерија), по еден ден падна за една цртка. Ова истовремено беше и тест на системот за полнење на телефот, дали работи како што треба ;).

Решив да продолжам понатаму. Како да го преправам полначот на телефонот да може да полни било каква Li-Ion батерија ;). За среќа, имав некои познавања од оваа проблематика од претходно. Сигурно сте забележале дека скоро сите модели на мобилни телефони (на кои може да им се вади батеријата) имаат три или четири контакти. Сигурно се прашувате зошто кога батерија има само + и -, нема потреба од трет контакт. Одговорот е прилично прост, преку тој контакт, телефонот добива информација дека сте ставиле адекватна батерија во него. Зошто па адекватна батерија, па нели сите Li-Ion батерии се исти? Пааа... да, ама производителите на телефони сакаат да купувате батерии кои они ги имат произведено, а не некои универзални или кои „од прилика“ одговараат, така да, тоа им е единствен начин преку кој лесно може да се заштитат, односно да бидат сигурни дека ќе ставите нивна батерија во уредот. Ова истовремено ги заштитува и од сервисерски кошмари, враќање на нови телефони (со кои некој си играл, ставајќи кој знае какви батерии) кај производителот (по што производителот треба да му ги врати парите на муштеријата) и ред други работи.

За среќа, кај постарите модели оваа „заштита“ беше многу проста, така да, Кинезите лесно научија како да прават копии од батерии со ваква заштита ;). Имено, кај батериите со три контакти, третиот контакт е врзан преку еден отпорник со маса (минусот од батеријата), толку :). Еве како би изгледала електрична шема од таква батерија.



Каде што X е најчесто некоја вредност во KOhm-и.

Кај батериите со 4 контакти, шемата е некоја од долните две комбинации, иако практично може да се направат и повеќе други комбинации.



Во конкретниов случај, имаме батерија со три контакти. Препорачувам ако веќе решите да го правите ова, да најдете телефон кој има батерија со три контакти (скоро сите постари Nokia телефони беа такви, освен 3310 и можеби некои модели од таа генерација). Да видиме која е вредноста на отпорникот во нашиот случај ;).



Измерената вредност е 41.3KOhm-и. Најверојатно вредноста е 43K, според правилото за 5% толеранција. Јас ќе искористам отпорник од 43K, па ќе видиме што ќе се случи ;).

Ако добиете неконзистентно исчитување (измерената вредност „шантра“ во определени кратки временски интервали, пинот за детекција јавува краток спој или отворено коло и со двата контакти на батеријата, плус и минус), најверојатно има чип во батеријата. Овие заштити се заштити од понова генерација. Скоро сите смартфони имаат ваква заштита. Практично, тоа значи дека ќе треба да го извадите чипот од батеријата и на местата каде што се врзува плусот и минусот на батеријата, вие да ја врзете вашата („не оригинална“) Li-Ion-ска батерија. Не би препорачал да го правите ова, особено ако ова ви е прва преправка од ваков тип, бидејќи ќе треба да ја расклопувате батеријата, а можно е да ја оштетите и да истечат дел од хемикалиите во батеријата. Li-Ion-ските батерии, како и сите останати батерии, содржат опасни хемикалии кои сериозно може да го оштетат човековото здравје. Освен тоа, Li-Ion батериите може да експлодираат доколку механички или електрички се оштетат (се преполнат). Ракувајте претпазливо!!! Секогаш користете хируршки ракавици и заштитни наочари ако треба да извадите батерија од нејзиното куќиште!

Да се навратиме назад на темата. Имав неколку 18650 батерии на располагање, од кои ја избрав онаа која беше во најлоша состојба. Волтметарот исчитуваше нешто над 0.8V.



Ја поврзав со мобилниот телефон на следниот начин.



Како што се гледа од сликата, меѓу пинот за детекција и минусот на батеријата (масата), имам залемено еден отпорник (43K). И сега, моментот на вистината, дали ќе почне да се полни батеријата :P.



Тадаааа :D. LED диодата во горниот десен агол свети, што значи дека батеријата се полни, а тоа може да се види и од исчитувањето на волтметарот. Се разбира, батеријата продолжи да се полни се додека не го постигна напонот од околу 3.7V, кога телефонот конечно се пушти и испиша "Charging" на дисплејот ;).





За жал, немам слика да прикажам колкав беше напонот на батеријата откако телефонот престана да ја полни. Напонот беше околу 4.15V. Батеријата се полнеше околу 7, 8 часа, при што уште во првите 10-тина минути, напонот се крена до 2.7V. Остатокот од времето, разбирливо, споро се качуваше напонот до 4.15V. За да испробам дали батеријата е навистина репарирана, ја оставив некое време да напојува bright LED диода (помоќна, не знам колку е моќна, би требало да биде околу 0.5 или 1W) околу 1 час и напонот не падна под 3.9V ;). Сосема е нормално батеријата да се изпразни барем на 50% од капацитетот, со оглед на тоа дека 1 час беше оптоварувана. Најверојатно капацитетот и е опаднат, бидејќи еднаш веќе и паднал напонот далеку под максимално дозволената долна граница, но ете, ако ја наполните, најверојатно пак ќе биде корисна ;).

Имав на располагање и една батерија која имаше напон од околу 1.2V на нејзините краеви пред да ја ставам да се полни. Ја полнев околу 2 дена, напонот не се крена над 1.4V. Значи, ако ви се случи истово со некоја ваша батерија, баталете ја, таа е неисправна и колку и да ја полните, напонот нема да се крене над некоја вредност која, практично не би можело да се смета дека е во границите на исправна Li-Ion батерија. Простете се од неа, оди во ѓубре и тоа е тоа.

Околу изборот на мобилниот телефон за преправка... практично ќе заврши работа било кој телефон кој може да полни батерија од сосема празна (0V). За среќа, системите за полнење во повеќето мобилни телефони се токму вакви ;). Пожелно е заедно со телефонот да ја имате и батеријата која доаѓа со него, за да можете да измерите што јавува меѓу пинот/пиновите за детекција и маса (минусот), но не е неопходно. Online често може да се најдат табели за вредностите на отпорниците во батериите на оределени батериски модели. Ако не можете да најдете, секогаш можете да побарате помош тука или на некое друго место (форуми за сервисирање на мобилни телефони).

Со среќа ;).

batka:
 Да дополнам со мое искуство - ако имате постари Li Jon батерии,а не се полнети подолго време, пред полнењето направете мал трик- ставете ги во најлонче, добро запечатете ги , да не може влага да навлезе и оставете ги една ноќ во фризз  ( во длабокото!). Батеријата ќе биде како нова! сепак , ова не важи ако батеријата е веќе добро оштетена.

bicikle:
Мислев дека електрониката е во батеријата т.е. имам од неа накалемено на 18560 си фукнкционира одлично за полнење и заштитата. Од отпорниклт исто зависи мислам струја на полнење а има и за "drain current" отпорниче.

GigaWatt:
Тоа е кај новите батерии, како што пишав, кај смартфони. Кај постарите, тоа отпорниче беше само за детекција, верувај, сум разгледувал шеми од телефони, ништо не прави, најчесто има некој бафер (отпорник) и потоа оди према MCU, ништо повеќе.

bicikle:
на bl5c и како ними сличните мислев,  ја имам извадено електрониката и прекалемно на 18650 со рандом напојување на 4,2в си исклучи, на поголемо оптоварување исто си реагира. За лед-сијалица го користам таман си е, не верувам да е со мцу. Битно да се снајдеш во моментот :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version