Останато > Алат

Гравирки и слични електрични машини

<< < (2/26) > >>

krema:
@bicikle
Гравирките од ибеј и од али што ги имаш наведено се потполно исти, само имат различна лепенка и можеби различни додатоци.

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 00:22:17 ---Една од моите најстари и најкористени дупчалки. Не е баш гравирка, али има 10+к рпм има фиксен футер и се надевам ќе ја примите во друштво :)
--- End quote ---

Се мачка на леб ??? ;D?

Пошто ако се мачка, не ти ја примаме ;D.


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 00:22:17 ---Се работи за diy дупчалка, без регулација со тастер(заслужила и подобар тастер ама арна си е и вака)
Составена е од купечки футер(на друг мотор) но беше "шашав" па сега бургијата се мота со жица околу нејзи, и тоа само делот што влага во футер и се леми. Е малце ритуал, ама некако се испраксав па оди лесно. Жицата треба да е што е можно по тенка, а бургијата се врви 2-3 пати со шмиргла, па се намотува жица па флукс па се става во футер се центрира и се леми. За центрирање се користи 1-1.5в напојувае, се грее футерот со лемилица, ел. моторот е во погон т.е. врти(ептен споро) а врвот се допира нежно со мека површина(гума, дрво, кернирана пластика), а може и со прст (ептен споро врти на 1,5в, безбедно е) и се центрира идеално.
--- End quote ---

Целиов ритуал ќе ти стане непотребен кога ќе си купиш гравирка ;D.

И знам како е со ритуали, запознаен сум со нив прилично добро ;D.


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 00:53:58 ---...копија на дремел, според Гига подобра е копијата него оригиналот...
--- End quote ---

Копијата ми е подобра отколку оригиналот Dremel 300. Не е иста гравирка. Сакам да кажам, имам оригинал, као демек brand name, ама откако ја купив копијата на Dremel 100 (Dremel 100 MultiPro, затоа ја пишува само како Dremel MultiPro на ebay), ја немам извадено од штекер, само неа ја користам.

И помоќна е Кинеската од оригиналната Dremel 300.

Да не цитирам сега што викаат тука, а што на некој друг форум (немаш наведено кој, на bicikle се обраќам), станува збор за иста гравирка. Види го дизајнот на едната и на другата. Ако формата е иста, иста гравирка е, само штампата може да се разликува, се друго е исто ;).

Мој совет, земи ја најевтината што ќе ја начекаш без додатоци, бидејќи и онака најважниот додаток кој, барем според мене, треба по default да доаѓа заедно со неа (multi-chuck), не доаѓа со ниедна, така да, нема везе дали ќе земеш некоја со додатоци или не. Додатоци има мал милон... од камчиња, до заштитни стакла, аголници, сајли, бургии вакви, бургии онакви... нема крај. Ќе се навлечеш, ќе видиш ;D. И јас мислев „е, еве, само уште ова и имам се што ми треба“... нема везе... им нема крај.

Значи, да сумирам, мој совет:

1) Само гравирката со основните 2, 3 додатоци.

2) Multi-Chuck, барем 2. Еден ќе ти биде малку или ќе го оштетиш, бидејќи се алуминиумски, ама не е ни важно од што се бидејќи се џабе, по долар и или долар и нешто е еден. Имам купено 4 до сега, еден ми е отиден јабана од престегање, вториот се троши и два ми се резерва, а гравирката ја користам скоро секој ден, за... било што... сечење, брусење, шмирглање, острење... скоро и да нема за што не може да се користи, затоа и се вика Multi-Tool на Англиски ;).

3) Што ќе ти душа посака од додатоци.

Единствен недостаток... се е џабе, ама што и да нарачаш, чекаш барем еден месец за да стигне :S. Однос цена/квалитет... џабе, а производот е далеку од лош (мислам на додатоците, не на самата гравирка... иако и таа е далеку од скапа). Не е супериорен, ама за таа цена.. пфффф... види колку се оригиналните додатоци од Dremel или некој друг brand name производител, па види колку копии ќе нарачаш за тие пари ;D. Само како споредба, 4 камчиња со EzCut стега од Dremel се околу 7, 8 долари. Е сега... EzCut стегата е „еластична“ (пиши на Google, види слики, ќе ти стане јасно каква стега е ;)), камче тешко дека ќе се скрши со неа, освен тоа, навистина јаки се камчињата и не се абат лесно... арно ама, за 9 долари Кинезиве нудат 100 камчиња со гратис 2 шипчиња :o :o :o... па сега види што повеќе ти се исплати. Имам купено 100 камчиња од Кинезиве уште пред година и нешто... уште ги трошам првите 30-тина. Претходно имав купено оригинални камчиња од Dremel барем 3 пати ::).

И уште ова ќе напоменам. Камчињата и бургиите одат најмногу. Затоа набавете си поголема количина од истите. Има продажби на ebay, 50 парчиња бургии 1mm, 50 парчиња 1.5mm за некои смешни суми. Земете ги, ќе ви требаат ;). Истото важи и за камчињата. Со време ќе почнете за се повеќе и повеќе работи да ја користите (ќе ви доаѓаат идеи кога ја имате ;)), камчињата ќе одат како луди. Земете си 100 парчиња и мирни сте за мнооооогу долг период ;). Ако мислите дека многу ви се 100, земете 50 (Кинезиве имаат и такви понуди).


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 00:22:17 ---*Админ ај малце помош за сликите, пробав со ова [ img]  [/img ], на старата скрипта фаќаше ама сега не сака...
--- End quote ---

Е како на старата сакала на оваа не ???. Не може да не фаќа, тоа е built in функција на скриптата уште од верзија 1.0.x, а сега ја користиме 2.0.15 (пишува која верзија е на најдолниот дел од форумот). Ако нешто не сака, најверојатно нешто не правиш како што треба ;).

PIBCAK - Problem Is Between Chair And Keyboard

Најчеста ситуација, 99% од случаите ;).

Вие супер сте... јас пред да ја земам гравирката бушев дупки на ППК со бормашина ;D ;D ;D. И далеку од лошо излегуваа, како што спомна bicikle, се е пракса кај вакви работи ;D ;D ;D.

bicikle:
Па гравирките скоро сите се горе -доле навидум исти т.е. најверојатно ќе начекаат еден добар оригинал и ќе напраат од него поеќе копии од истата :) 
Да, додатоците може не се користат секој ден едни исти, ама кога ќе спотребаат пак злато вредат, а за ситна пара ќе те остават ни вамо-ни тамо(ако ги немаш).
Инаку имам разни "марифети" со футери кај што се менува сосем нормално бургија(или било што) но на времето знаете(повозрасните членови) дека овдека(во мк) беа тешко достапни и да се најде беа 100€, или па беа ептен штури (ексцентрични т.е. "бацаа" футерите), али експрес не ни постоеше, на ибеј бевме на црна листа, на пепел(paypal) не им бевне интересни, па моравме дасе снаоѓаме кој како знае и умее.
Скроз првата дупчалка ми беше од некое моторче од цд-ром на кое му ја исшилив осовината, му ја наострив и така ги бушев плочките,бидејќи дупките се плитки немаше проблем со струготините, футерот од гоолемата бурмашина (елтос) не ги "фаќаше" малите бургии, па после од шестар направив ( нејзе ја чувам и ќе ја сликнам кога ќе ми е при рака), па изглегоја футерчиња на али експрес за 2-3 усд...
Е сега не знам колку се исплати за бургии да чекаме од кај али експрес, има и кај нас прилично достапни.
уште одамна имам земено од унијор некои бургии 200 денари беа комплет(по препорака на Гига), беа одлични, но сегашните не им се со исти квалитет, а може да се најдат и на други места истата марка за пониска цена(унијор станаа мулти бренд така да...). Во купи алата
--- Code: ---http://www.kupialat.mk
--- End code ---
баш 0,8мм нема но има 0,7 што потполно исто ќе ни завршат работа како и 0,8мм. Исто така земав од наш член бургии, и тие беа сосем ок, но не знам дали има сеуште, па ако има, нема да е на одмет да се огласи.
*
Па кој знае што сум правел и јас со сликите, може и линкот да бил (или не бил) директен, може и серверот билдруг( сигурно бил фото букет или фб) ќе пробам наредна прилика пак :)

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 08:52:45 ---Па гравирките скоро сите се горе -доле навидум исти т.е. најверојатно ќе начекаат еден добар оригинал и ќе напраат од него поеќе копии од истата :)
--- End quote ---

Да, а и јас така би правел ;). Зошто да измислувам топла вода кога веќе е измислена ;). Dremel 100 MultiPro е одлична гравирка. Стара како модел, но одлична ;).


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 08:52:45 ---Да, додатоците може не се користат секој ден едни исти, ама кога ќе спотребаат пак злато вредат, а за ситна пара ќе те остават ни вамо-ни тамо(ако ги немаш).
--- End quote ---

Затоа си купуваш со време. Ги купуваш основните (тие што ги наведов, бургии од 0.5 или 0.7mm до 3 или 3.5mm, камчиња за метал) и потоа си разгледуваш и си купуваш. Јас обично знам да пишам на ebay само multitool во search, подреди по цена, free shipping и... листај :D... знам така да се заборавам и со саати да гледам :D. Од додатоци за гравирки, нема што не прават Кинезиве :D.


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 08:52:45 ---Инаку имам разни "марифети" со футери кај што се менува сосем нормално бургија(или било што) но на времето знаете(повозрасните членови) дека овдека(во мк) беа тешко достапни и да се најде беа 100€, или па беа ептен штури (ексцентрични т.е. "бацаа" футерите), али експрес не ни постоеше, на ибеј бевме на црна листа, на пепел(paypal) не им бевне интересни, па моравме дасе снаоѓаме кој како знае и умее.
--- End quote ---

Ма немаше кај да се најде нешто такво, утепанство бевме за такви работи, ништо немаше кај нас :(. Шрафилица да најдеш во некоја продавница беше... WOW. Се знаеше, класика, бормашина, шмишајбна, циркулар, убодна пила... тоа имаше :S. Продавачите не ни знаеја што бараш :o.


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 08:52:45 ---Скроз првата дупчалка ми беше од некое моторче од цд-ром на кое му ја исшилив осовината, му ја наострив и така ги бушев плочките,бидејќи дупките се плитки немаше проблем со струготините, футерот од гоолемата бурмашина (елтос) не ги "фаќаше" малите бургии, па после од шестар направив ( нејзе ја чувам и ќе ја сликнам кога ќе ми е при рака), па изглегоја футерчиња на али експрес за 2-3 усд...
--- End quote ---

Мојата бормашина имаше солиден футер, фаќаше до 1mm и убаво стегаше и затоа не направив некоја ваква преправка. Единствен недостаток беше што беше тешка, ама се испраксирав :D.


--- Quote from: bicikle on 21.04.2018, Saturday, 08:52:45 ---Е сега не знам колку се исплати за бургии да чекаме од кај али експрес, има и кај нас прилично достапни.
уште одамна имам земено од унијор некои бургии 200 денари беа комплет(по препорака на Гига), беа одлични, но сегашните не им се со исти квалитет, а може да се најдат и на други места истата марка за пониска цена(унијор станаа мулти бренд така да...).
--- End quote ---

Ти имај си бургии на страна, никој не рече да нема. Поентата ми беше дека се многу евтини од кај Кинезиве, а квалитетот им е навистина добар. Имам кај нас начекано, као демек, квалитетни бургии (од оние жолтите, родирани ли, како се викаат, не знам :D). Ај, си реков, ќе земам неколку, да пробам. Земав од 1mm, дома бушам пластика... веднаш почна да паѓа бојата :S... ми стана јасно колку е часот ::). Од Кинезиве од ebay нарачав комплетче од по 10 бургии со димензии од 1mm до 3.5mm со чекор од 0.5mm (значи 1mm, 1.5mm, 2mm, 2.5mm, 3mm, 3.5mm). Ниедна ми се нема истапено, буши сто како и денот кога ми стигнаа. Половина ги однесов на работа бидејќи и таму често имаме потреба од некои вакви додатоци за на шрафилица или гравирка. Цена... смешно, 3.нешто долари или 4 долари, не ми текнува... за 60 бургии :o. Не знам кај им е ќарот, ама алал нека им се парите ;).

Види, на ebay не може да дадат нешто со понизок квалитет од најдобриот што го имаат на располагање. Зошто? Не знае кој ќе им нарача. Кога оди нарачана роба за кај нас (Источна Европа), дали се тоа телевизори, системи или нешто трето, се знае, со понизок квалитет е во однос на тоа што ќе оди за Западна Еропа или Америка. Ама во такви случаи знаат каде оди робата ;). Вака не знаат, не знаат кој од каде ќе нарача, така да, и Американецот и јас ќе добиеме ист производ ;). Затоа се исплати да купуваш од Кинезиве online ;). Во 90% од случаите ќе добиеш нешто далеку поквалитетно во однос на тоа што ќе го начекаш кај нас ;). А и за парите... па да ти криво да не го земеш, џабелеску им се тие работи во споредба со цените кај нас.

bicikle:
Кобалтни бургии требало да бидат, ама чим паднала боајата не биле.
Што знам од унијор беа добри до пред некое време ама сега ги менија со пролајн и ги зезнаа.
Инаку кобалтните бургии челик, гус и други феролегури ги бушат неверојатно добро брзо лесно и прецизно( затоа се користени и кај цнц машини). Не се 100% кобалтни него 5-8% има кобалт. Легурата останува стабилна и над 500 целзиуси, но се крути и едина сила која влијае додека бушиме треба да е во линија на бургијата, мало застранување  ќе ја скрши и 12мм бургија со леснотија.
Покрај ними постојат и титаниумски бургии ( поточно титаниум нитрид) уствари челични бургии обложени со  титаниум нитрид. Истите имаат намена слична како и кобалтните.
Има изедби од овие бургии кај што се составени од држач(практично челична шајка) и  титаниумска навлака која се менува (спирали те слижат како ждлеб).   
Гледам има и тунгенсови бургии но повеќе се користи кај "машинските " турпии( линкот подолу) кои служат за гравирање метал а не верувам дека пластиката ќе им претставува проблем.
Иако постојат специјални бургии за дрво, со ниедна од гореспменатите нема да имате проблем да избушите дрво пластика или некој помек метал како алуминиум или бакар.
Алуминиумот е малце по тегав и знае да се изнапика меѓу материјалот кој се буши и бургијата, практично да е заглави бургијата(и да ја скрши најверојатно) па треба степенесто да бушиме т.е. "на рати", понеколку мм, значи ќе избушиме 1-2мм ќе ја извадиме бургијата за да излезат и шпоновите(избушениот материјал) па повторно ќе бушиме итн итн. Имаше и една финта за бушење на меки материјали, ќе се потрудам да го најдам видеото.
Досега Макита се покажале како бренд со добар сооднос цена/перформанси, а тамо има сетови кобалтни бургии, но за жал нема бургии испод 1мм. Додуша може донесле меѓувреме (lotuls.com се официјални за МК)
Дијамантските бургии претежно се користат да стакло и бетон.
Тунгенсови турпии

--- Code: ---https://m.fasttech.com/products/0/10022440/4838000-shank-tungsten-steel-rotary-file-cutter-engraving
--- End code ---
Ете ја и финтата(иако е за месинг, има подорувања и кај алуминиумот)
http://Https://www.youtube.com/watch?v=pAngKHIZgyA
Изгледа само јас останав што ги делка плочките со нож и со карате, па почнав да ги разгледувам гравиркиве и пиличињава. Изгледа моиве diy гравирки ли бркаа работа па воопшто не сум ги загледал новите работи по интернетов :) Али крајно време е да преминам од неандерталец во по култивиран електроничар што користи пила за сечење плочи :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version