Аналогна електроника > Сè останато

Растерувач на кучиња

(1/1)

batka:
Ова електронска конструкција е последно нешто што го направив, пред се заради тоа што го имав материјалот : CD40106 и два пара НФ транзистори од средна снага- ставив два пара BD 135/136, а за пиезо претварач најдов еден пиезо во пластично куќиште од 25 мм.Напојувањето е со батерија 9в , само ставете тастер а не прекинувач. Немав тогаш куче да пробам , па му го дадов уредот на еден пријател кој е учител во едно село велешко. И сега не сака да ми го врати! ;D Вели *добар е, мајка им расплакува!* Ако имате проблем пробајте. Изгледот и големината на плочката е зголемена , па прилагодете ја со интегралецот.

batka:
Напојувањето за ИК CD40106 е погрешно означено, наместо да е напишано 14, напишано е 4.
Напојувањето на CD40106 е 14 пин (+), и на 7 пин (-). На плочката е во ред. Само место + пин 4 преправете го на пин 14.
Извините за грешката.

bicikle:
Звучката мора да е наведената? Пробав со пиезо хорна, ама слабо некако.
Дава некој звук, а и на високофрекфентен трансформатор проверено уредот работи, само што не функционира. Ова некјој звук на гајгер малеров бројач дава, што не верувам дека е вистинскиот :)

Navigation

[0] Message Index

Go to full version