Помош за форумот > За потенцијалните и новите членови

Повторно online :)

(1/2) > >>

GigaWatt:
Македонскиот форум за електроника е повторно online ;). По неколку месечна пауза, повторно сме заедно :)... со неколку последици по транзицијата :S.

Главен проблем:

Сите attachment-и се, за жал, „капут“ (тука спаѓаат и avatar-ите на членовите :S)... последица на лош FTP трансфер на фајлови. Работиме на тоа да ги вратиме назад, барем дел од нив, ама не знам дали ќе успееме без оригиналниот backup (оној кој не е корумпиран при FTP трансферот). Сега за сега, ако многу ви е потребен некој фајл од форумов, а не можете да го најдете online, пишете во темата или на некој од администраторите или модераторите, ќе се потрудиме да го „оживееме“ од лошиот backup или да го откопаме од... некаде.

Помали проблеми:

Моментално форумот е достапен само на Англиски, не и на Македонски. Тоа не значи дека не може да post-ирате на Македонски, само речникот на форумот е на Англиски. Овој проблем е лесно решлив и ќе гледаме да го елиминираме во најкраток можен рок ;).

Ако некои од членовите претходно биле банирани, можно е да не може да се логираат. Доколку банот не бил перманентен, нека пишат на членовите од администрацијата или на администраторскиот mail (admin[[at]]elektronika-mk.net) и ќе го разгледаме конкретниот проблем ;).

Ако ги барате некои од функциите кои претходно ги имаше форумот (како порталот, итн.), не ги барајте за џабе. Тие функции веќе ги нема и нема да ги има. Се префрливме на нова верзија од скриптата на форумот и немаме намера да се враќаме назад, ниту пак да имплементираме функции кои само ги комплицираат работите при update на скриптата на форумот и се скоро ирелевантни за правилно функционирање на форумот (само шминка).

Моменталниот изглед на форумот е привремен и најверојатно ќе претрпи промени (лого, background, итн.). Ако имате некои предлози, пишете на некои од админстраторите или модераторите, ќе го разгледаме предлогот ;).

MKFE Team

Toma:
Ајде со среќа и бериќет и што повеќе квалитетни постови и теми.

GigaWatt:
Update во врска со attachment-ите (прикачените датотеки). Повеќето од нив се функционални, барем оние кои биле слики, поголемиот дел се ОК. Но оние кои биле архиви, pdf, doc, exe, итн... претпоставувам дека голем дел од нив се корумпирани за жал :S. Немаме евиденција точно колкав дел од attachment-ите се исправни, колку се корумпирани, така да, ќе треба да ги симнете и да видете кои се исправни а кои не.

Во секој случај, доколку ви треба некој attachment, а е корумпиран, пријавете во темата во која attachment-от стои, ќе се потрудиме да го најдеме ;).

DX-er:
Одлично, значи сепак дел од фајловите се тука и се во ред.
За останатите корумпирани фајлови здравје.

Nikol4e:
Каде сте форумџии, кај отидовте. За вас плачат многу проекти...

Ми дојде мерак, уште еднаш да го прочитам цел форум, и сите теми. Жалосно што тотално опадна интересот на новите генерации од птт и ко це металец, но и китовите од алиекспрес, си го направија своето. Што радости било да се користат шемите на лорџи, па напојувањето од бора, па барај грешки и исправувај, па шемата од конздрух хартијата не се пренела убаво на плочки, па ти избегало нешто, па вентилаторите од компјутерот ги топевме во уље, ехее.

Голем поздрав до сите форумџии, да сте живи и здрави уште 1 век.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version