Други технологии > Автоелектроника

Coming Home уред за светла

(1/3) > >>

Steff_92:
Здраво,

ми треба електроничар што може да ја погледне плочкава и по можност да ја сервисира.

Се работи за уред кој што одредено време пушта 12v напон на светла на кола кога ќе се отклучи или заклучи колата. Уредот се активира-побудува со 12v напон од централната, релеата се вклучуваат и тајмерот држи одредено време вклучено, после тоа се се враќа во првобитна состојба до нареден 12v напон на жици за активирање.

Уредот има 2 излези со 12v и едниот од нив престана да работи т.е. кога има приклучен потрошувач напонот му паѓа на 3.5v и нормално светлото не работи. Го однесов до еден "сервисер" и ми го врати неисправно и на другиот излез што си беше во ред.









batka:
Steff_92 направи голема збрка на почеток.Затоа прочитај си ги Правилата на Форумов! Друго,овој склоп со 5 транзистори ,една 555 и две релиња и не е некој предизвик.Си пишал во пол дека си електроничар, па се чудам како не успеваш сам да проникнеш во кварот.Можеби квар и нема! Требало да мериш колку волти доаѓаат на уредот и колку излегуваат од него.Провери ги и водовите,можеби нема контакт некој од нив,лабава,нагорена жица итн. Седни и дел по дел провери ги, освен ИК кој треба да го смениш со нов,само внимавај да не згрешиш со ориентација на ножичките.Значи, инструмент во раце ,одлемувај дел по дел,мери и пак враќај на место! Како сите почетници.Така ке научиш нешто.од приложеното гледам дека е ова накнадно додадено( веројатно купено во КИТ форма!??). За каков тип на возило се работи? Провери го уредот врзи го на 12 волти и ке видиш дали работи задршката( веројатно 10 -ина секунди).Стави го потенциометарот на средина за почеток.
Споено мислење: [time]03 Август 2017, 17:28:27[/time]Направи си ваков систем за проверка и со 2 ЛЕД и исправувач на 12 В можеш и сам кварот да го најдеш.Се надевам знаеш како се проверуваат електронските елементи.Ако не - имаш туторијали на форумов за тоа. И врзи  го и фото отпорникот на плочката кога ја проверуваш ( на црвената клема).
Споено мислење: [time]03 Август 2017, 17:42:44[/time]Не су пишал дека ЛЕД се спојуваат со + на  yellow black / orange black а со минус на масата( минусот).И секако во серија по еден отпорник од 1к( мислам дека тоа се подразбира) ;D ;D

abece:
На што возило е, и дали e Negative pulse ?

Steff_92:
На Audi A4 1998 - го активирам со +12v, а заземјувањето го зема од главниот - на уредот (трет пин).

При тестирањата ја оштетив малку плочката т.е. еден вод изгорев бидејќи брцнав 12v на погрешно место најверојатно. (на сликата со црвено)
Едното реле не работи и го извадив.



Уредот кога е без фото диодата се стартува нон стоп - време од 15 до 45 сек.

batka:
Прво Ве замолувам сите нови членови што нешто барате, да ги напишете сите работи врзани за кварот. Си допрел жица ,во ред, кажи го тоа.Ама од тоа може транзистор и ИК да прегори , а не и реле. Релето провери го со инструмент, омски, дали е во ред или врзи го на 12 волти директно, дали окинува. Постапката терај ја како што ти пишав погоре!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version