Други технологии > Автоматика

Помош околу проблем со контрола на подводна пумпа (submersible pump, ракета)

<< < (2/8) > >>

GigaWatt:
Па како тогаш ги изведуваат контролите за брзина на електрични машини... еве на пример убодна пила. Баш имам дома една, ја имам еднаш расклопено... искрен да бидам, не ми текнува што полупроводничка компонента имаше, ама па, си реков, најверојатно триак е врзан како димер... немаше премногу околни компоненти, затоа. Можно е да бил изведен со алтернистор?

Контролата е прилично добра, доста линеарна и не ми откажала до сега... не дека сум столар па сечам дрво секој ден, ама кога ми притеребала, секогаш работела како што треба контролата.

И да, јасно ми е дека триак кога гори оди во краток спој, ама па исто е и со реле кога ќе зашмелцува :S... а да бидам искрен, ако редовно се користи пумпата, зиме лете, повеќе шанси има да откаже реле отколку триак... особено ако е наддимензиониран.

KiloVolt:

--- Quote ---Тријак не оди со индуктивен товар. Се вклучува со напон на гејтот, ама се исклучува кога струјата низ него е нула. Во моментот на исклучување треба напонот на тријакот да биде 0.
--- End quote ---
PFC со кондензатор? Може да се изведи?

MURO:
Убодна пила, бормашина, брусалка правосмукалка и др. имаат колекторски мотори (со четкици). Овие мотори имаат импеданса со реален карактер (омска). Оваа импеданса зависи од тоа колку е оптоварен моторот на осовината. Индукционен мотор има индуктивен карактер на импеданса. Посебно кога не е оптоварен (празен од). Оваа импеданса добива реална компонента кога ќе се оптовари моторот на осовината. Значи, асихрон мотор не се контролира со тријак. Нема ниту една машина со асихрон мотор, а да се контролира на ист начин како оние колекторските (со четкици). За електронска контрола на брзина на асихрон мотор се користат инвертори и циклоконвертори. Контролата се прави со контрола на фреквенцијата.

nsu:
Никакво PFC Киловолт никакво би можело нешто но не не не е ова некој лесен индуктивен потрошувач товар или некој силалички па ќе си ги драјвам.Ако беше така фабриките големи немаа да купуваат за нивните големи индукциски мотори прескапи фреквентни регулатори па ако е двофазен трофазен моторот плус ако е многу моќен астрономски цени се фреквентните регулатори имам еден не ми е за продавање не прашувајте како сум го набавил.Гига рече ќе барам некое друго решение тоа друго решение е само фреквентен регулатор и ништо друго ништо сте биле во индустија со сега нели или ;D ;).Јас драјвувам асинхрон мотор трофазен со фреквентен регулатор за тестирање на алтернатори ми е испитен стол не е ова некој ситен индуктивен товар па триаци за мали индуктивитети не збориме.Кога збориме за синхрони тоест асинхрони индукциски мотори тие се посебна песна не за џабе има толку литература за нив ;D ;D 8) Значи не збориме за shaded pole мотори како малите вентилаторчиња и бормашинки 500 вати циркуларки мали асинхронот мотор нема засечени полови со калем за старт овој твојов Гига е со кафезен ротор друга песна е се веруј неможе поинаку од тоа што го спомна горе да се драјвува реков освен со фреквентен регулатор што е многу поскапо решение и покомплексно.Има и решение со алтернисторски инветрор али тие инвертори се г*омна г*омна џабе ќе го купуваш ми стигнал а не работел.Ајде инжинери има подобро решение нели ајде тоа е новата ера IGBT драјвер но пак неможе има проблем со мотори асинхрони големи индуктивни товари се.На старт повлекуваат и поголема струја како секој мотор нормално и IGBT баш не се покажува добро џабе пари се фрлаат.Затоа VFD VFD варијабилен фреквенциски драјвер ама е комплексен и скап за ова што ти треба Гига вака со рид релиња и магнети ти е најевтино.Еве го дечково се обидуваше на секаков начин да драјвува мотор но нај неисплатливо е со фреквентен регулатор но е скапо за жал така да Гига само релеј 8)

Motor Inverters

GigaWatt:

--- Quote from: MURO on 08.06.2017, Thursday, 17:33:35 ---За електронска контрола на брзина на асихрон мотор се користат инвертори и циклоконвертори. Контролата се прави со контрола на фреквенцијата.
--- End quote ---

Па нели е асинхрон мотор, значи не е синхронизиран со фреквенцијата на мрежата (бројот на вртежи му е некој мултипл на фреквенцијата на мрежата). Ако е асинхрон, зошто да правам фреквенциска контрола на брзината.

А освен тоа, триакот ќе треба само за ON/OFF, ништо повеќе, нема да има никаква контрола на брзина или нешто слично. Па и обично реле не окида на кога напонот на напојувањето е нула (при премин од негативна во позитивна полупериода и обратно) ???. Окида „на шашма“, кога ќе му „каже“ контролата дека треба да прекине или дека треба да преспои.


--- Quote from: nsu on 08.06.2017, Thursday, 20:47:52 ---Ако беше така фабриките големи немаа да купуваат за нивните големи индукциски мотори прескапи фреквентни регулатори па ако е двофазен трофазен моторот плус ако е многу моќен астрономски цени се фреквентните регулатори имам еден не ми е за продавање не прашувајте како сум го набавил.
--- End quote ---

За тие мотори знам дека треба фреквентен регулатор, ама па за нив знам дека се синхрони (брзината на вртење им е некој мултипл на мрежната фреквенција), така да, сосема логично е дека за нивна контрола ќе треба фреквенциски регулатор.

Добро, да бидам искрен, истото важи и за обичните синхрони моторчиња од вентилатори кои се монофазни, ама сите знаеме дека не е проблем и ако ако контролата се изведе со обичен димер ;). Ќе грее малку повеќе моторчето, особено ако не е поставена контролата на максимум (да си добива цела исправна синусоида), ама па, што има везе, и онака перката го лади и него ;).

Ама верувајте, овој мотор не е ни оддалеку нешто многу јак. Мислам дека е околу 800W... можеби беше 1KW, ама далеку од тоа дека е 3, 4, 5KW. Освен тоа, дури и да грее малку повеќе, поставен е 20 метри под земја, простор има уште 4m под него (24 метри е бунарот, можеби е најдлабок во околината) и секогаш има вода во него, не се случило да нема вода. Всушност, овој бунар им ја „краде“ водата на околните бунари бидејќи околните се до кај 10-тина метри (нешто можеби над 10 метри, ама далеку од 24 метри). Буквално немало момент да нема вода во него. Цел ден се наводнува бавча со градинарски култури од него, тера без проблем, никогаш не се случило да снема вода. Баш го перевме тогаш кога всушност и го разгледувавме проблемот (да утепаме две муви со еден удар ;)), од сабајле, цел ден друкаше компресорот, поплава направи, вода не снема :), што да ви кажам. Самата пумпа е барем 1 метар под вода (ова е минимум, баш сме мереле, во најсушни периоди и кога максимално се црпи вода од него, не паднало нивото под 1 метар над самата пумпа), а најчесто е 2 до 3 метри под вода. Температурата на водата е 10 степени во лето 8)... зимно време немам мерено, не би знаел да кажам. Многу ме интересира како ќе изгори моторот ако континуирано се лади на оваа температура ;D.

ПС: Многу нервозен дечконо на клипот ;D... или има пари за фрлање... западњаците обично имаат ::). Знам дека се неисправни, ама не е можно се на нив да е изгорено, електролитите се сигурно исправни, а и ладилните тела ::). А за осцилоскопот... срце ме боли :'(.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version