Останато > Алат

Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи

(1/8) > >>

GigaWatt:
Видел до сега некој вакво нешто?





Го начекав на еден продолжен кабел со 6 приклучоци. Порано ставаа шрафови кои имаа само глави како поп-нитни или клинци... нема шанси да го отвориш освен ако не ги уништиш целосно главите на шрафовите со бормашина... при што треба да работиш многу, многу внимателно да не ја уништиш и пластиката околу и под шрафот... а и да не ја стопиш, бидејќи шрафот се загрева со бушење. Само не ми е јасно како ги зашрафуваа тие шрафови со рамни глави ???... ОК, се разбира дека е машински, ама како ???... не ми е јасно. Евентуално да ги зашрафувале, па намерно да им ги уништувале главите за да не можеш да ги одшрафиш, ама па не гледа како би ги уништиле со некој машински алат без притоа да не ја загреат и стопат пластиката од загреаниот шраф (поради триењето нели).

Изгледа се префрлиле на некој друг систем... ваљда Кинеска работа е ова, кој знае, иако на продолжните кабли „као демек“ пишува дека се произведени во EU (yeah, right ::)). Прв пат сега го видов ова и ова веќе некако прави логика. Користат некој посебен шрафцигер за зашрафување. Знае некој каде би можел да се најде или дали има некое кодно име (secure ??? или нешто слично)? Знам дека може сам да си направам, ама не би се гњавел за еден продолжен кабел, некако ќе се снајдам за еден. Прашањето ми е повеќе за во идно време... да не фатат и на други уреди да им шибаат вакви па да не треба да уништувам шраф по шраф за да одшрафам монитор или телевизор ::).

Го поставува прашањето бидејќи еднаш имам начекано монитор со шрафови со полукружни глави... слични на оние старине шрафови со „минус“ на нив... само што овие шрафови немаа ништо на нив ::)... слично како и оние од продожните кабли со плоснати глави, само што овие беа уште по зезнати. Ако е главата плосната, ај, некако ќе успееш со бормашина да ја уништиш главата... ама ако ти е полукружна... ај да те видам. Сум се е*аал со гравирка со 0.7mm бургија да искирнувам прво, па потоа менувај бургија по бургија, димензија по димензија на бормашина за да ги уништам главите ::). Жив кошмар. Не сакам да го преживеам тоа пак... затоа си прашувам на време ;D.


EDIT: Сега баш нешто читав online, тие што се рамните без ништо на нив се викат oval security. Како се зашравуваат? Ееее, што се не ќе им текне ::). Главата не им баш кружна туку им е малку елиптична ::)... и затоа може да се зашрафуваат и одшрафуваат, ама со посебен шрафцигер и не смееш да ги престегаш инаку ќе ја уништиш елиптичноста.


EDIT 2: Всушност има два типа. Едните се баш кружни, Јапоска направија се (и они се за*бани ;)) и се отвораат со посебен шрафцигер кој има керамички греач во него. Шрафцигерот се оклопува околу шрафот и го загрева се додека не се прошири доволно за да се стегне околу оклопот (шрафциегерот), а потоа одшрафуваш. Clever ;).


EDIT 3: Не успеав да најдам како се вика ова чудново шрафче од сликата, ама изгледа е некоја варијатна на Tri-Groove шрафови... ама и за класичните Tri-Groove шрафови, шрафцигерите се многу скапи (побарајте online). Арно ама некој дечко начекал ваков Tri-Groove шрав некаде и му требало да го одшрафи и сам си нашол решение ;).


--- Code: ---http://www.johnath.com/projects/securitybits/
--- End code ---

Може да се примени и во конкретната ситуација, само што ќе треба рабовите да се направат малку по остри ;).

И на крај сам си најдов одговор ;D. Ама ајде, нема везе, еве како може да направите шрафцигер за овој тип на шрафови, со мала модификација на методот се разбира ;).

LordZi:
Сакав истото да ти го пишам, мора сам да правиш штрафцигер, нема друго чаре, јас уште си чувам некои за триаголнестите и оние со две боцки штрафови што беа, што сум ги правел на времето кога немаше баш да се купат... :D

nsu:
За триаголните е лесно прав на пола исечи го а за овие ех ова мајсторисување мислам дека еден мајстор ми направи еднаш баш се зезнати овие Гига што ги постира ако ги најдам ќе ги сликам чудата модифицирани мада не работам баш периодов 8)

GigaWatt:
Да да, се разликуваат од тие Tri-Groove, не се исти... ова е некоја custom модификација... намерно, да не можеш ни со Tri-Groove шрафцигер да ги одвртиш :S.

Имам за повеќето вакви secure шестоаголни додатоци за шрафцигер, ама за ова немам. Ништо, ќе најдам некој стар имбус и како што пиша LordZi, од него ќе го правам шрафцигерот ;).

bicikle:
Торкс набиј му. Или торкс со ситни заби.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version