Други технологии > Автоелектроника

Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)

(1/11) > >>

taurus:
Здраво на сите,

од скоро се зафатив да ставам дневни светла на мојот автомобил (рено лагуна), па ако некој има искуство со тоа или има намера да прави такво нешто убаво би било да размениме искуство.
Лед сијалиците ги намонтирав во жмигавците и сега за сега се напојуваат од позицијата, така да мора мануелно да ги вклучувам/исклучувам и светат заедно со позицијата. Следна фаза планирам да е автоматски да се палат со моторот.

Некој со сличен проект?

GigaWatt:
Може да ги направиш да се палат заедно со контакт ;). Така би требало да се олесни работата, да не мораш да додадаваш дополнителни прекинувачи и слични тракатанци ;). Не дека имам додадено дополнителни денски светла, така да, ова не е од искуство... чисто размислување на темата ;).

IGOR_MK.:
Кај мене ги пали борд компјутерот веднаш по стартување на моторот. (на контакт се палат пред да стартува моторот). :)
Има повеќе опции на програмирање (подесување).
Можда би можело и кај тебе да се направи исто доколку лагуната има таква опција. ;)

taurus:
Мојата лагуна е меѓу последните без фабрички дневни светла >:(  Поради тоа и ги додавам.
Иаку опцијата за палење на контакт си стои во случај да не успеам да се пали со моторот ама гледам да избегнам палење на контакт поради тоа што има доста негативни страни (празнење на акумулатор, послабо верглање, итн.). Контролата планирам со ардуино да ја реализирам, само прво да стигнат од кина, па ќе видиме како ќе иде :)

nsu:
Е добро да на контакт е наједноставно но ете има мали негативни страни од кога ќе запалиш пуштај. Е добро со ардуино веќе ќе е друго ако се разбираш убаво ќе е. ;D 8)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version