Author Topic: Проблем со пумпа за топол воздух  (Read 3916 times)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 880
Дувалката работи.
Вчера ја склопив и работеше, денес пак пробав и пак работи.
Фала за помошта :)
Жан

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 880
Станицава за топол воздух почна многу да брчи, да тропа и да се заглавува.
Некогаш дува, некогаш не.
Ми ја тресеше цела работна маса и многу ме нервираше.
Затоа ставив пумпа за воздух за аквариум.
Работи миро и тивко, со намален проток на воздух, но може да се користи.

Жан

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4042
  • Gender: Male
Друга опција би било компресор од фрижидер, со или без регулација....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Би требало да може да се искористи регулацијата од пумпата ако се користи мотор од фрижидер... или грешам ???. Евентуално при start up првите 10-тина секунди можеби ќе треба да се изгаси (да работи на максимум), па потоа да се пушти.

Ама па нема поента да се става мотор од фрижидер бидејќи старите мотори и онака брчат многу ;D, а токму тоа му пречело на Zan :).

Како и да е, добра е идејата со пумпата за аквариум ;). И јас мислев некогаш вака да ја преправам мојата SMD лемна станица ако ми откаже пумпата (пу, пу, скраја да е ;D). Инаку, принципот на работа и на фабричката пумпа е идентичен со тие за аквариум, само што поголеми се и поголем проток на воздух имаат ;). Ако сакаш поголем проток на воздух, може да искористиш две пумпи врзани во паралела (заедничка контрола) и со Y сплитер за воздух да ги врзеш па да добиеш (скоро) дупло појак издув од станицата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4042
  • Gender: Male
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #19 on 26.09.2017, Tuesday, 13:17:27 (Edited 26.09.2017, Tuesday, 14:21:26) »
Па ако не се под притисок компресорите за фрижидер (ладилник) и не се кој знае колку бучни. Ги спомнав само како идеја, гледам на ут (UT) прават многу диу (DIY направи сам) апликации, од комплетно диу (DIY направи сам) лемилка на воздух, дувалки за прашина, па до разни воздушни четки, пумпи за гуми, вакуум-пумпи пескари и што уште не. Секако аквариумската пумпа е по елегантно решение ова го спомнав само како идеа.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 880
Би можело да се користи и мотор од фрижидер, само не сум сигурен како би работела регулацијата.
Протокот на воздух би бил сосема доволен, но големината на моторот (компресорот) може да биде проблем. Не може да се монтира во истата кутија.
Жан

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 149
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #21 on 26.09.2017, Tuesday, 23:05:56 (Edited 26.09.2017, Tuesday, 23:13:17) »
Не мора во иста кутија, можеш башка. Регулација, и тоа се решава со вентили. Само, мислам дека нема доволен проток овој компресор. Прави голем притисок, но проток нема.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #22 on 27.09.2017, Wednesday, 00:55:54 (Edited 27.09.2017, Wednesday, 00:57:34) »
Па, да бидам искрен, MURO мислам дека има најдобра идеја за контролата. Најверојатно контрола со триак, како што е изведено кај класичните лемни станици, нема да работи како што треба кај мотор од фрижидер... затоа и пишав дека можно е да грешам дека може да се искористи оваа регулација и кај мотор од фрижидер. Тој мотор е со стартна намотка и принципот на работа му е подруг од класичните колекторски мотори.

А идејата за контрола со вентили мислам дека е најдобра во ситуација со мотор од фрижидер. Дури не мора да се користат ни посебни вентили за воздух, најверојатно ќе завршат работа и водоводџиски вентили ;).

И за проток, сигурно поголем има од обично компресорче за аквариум. Можно е да не може да постигне поголем проток од оригиналниот компресор, ама од пумпичка за аквариум, сигурно поголем има.

Ама и да нема, не е проблем, и онака во над 95% од случаите, јас барем, не ја користам на поголем идув од 1, 1.5 на скалата (мислам дека оди до 9 или 10 максимум, не сум сигурен), а често знам и на минимум да ја работам... а некогаш и тоа е ми е многу, па морам паузи да правам од по секунда или две, зависи што работам.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4042
  • Gender: Male
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #23 on 27.09.2017, Wednesday, 02:06:45 (Edited 27.09.2017, Wednesday, 10:34:15) »
Имаат проток колу 50 литри, сосем доволно, башка може да настегаатвоздух до 35+ бари, така да и да не работи имаш да дуваш цел ден :)
Самата конструкција од моторот може да се искористи како резервоарче од 0,5л што е сосем доволно за вакви намени.
Инаку има два регулатори за притисокот т.е.. едниот е на кој притисoк да исклучува другиот поточно е за проток на воздух. Само со вентил тешко, мора нешто да го исклучува. Такви регулатори имам гледано на бувљак по 250 денари, а компресорите беа околу 300 ден. па и резервоар до 8 бари може да се искористи од бољер, боца, пп апарат...
Еве неколку изведби за разна употреба
Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/Super-Silent-Compressor-Built-Out-Of-An-Old-Fridge/
Code: [Select]
http://tech.mattmillman.com/projects/building-a-fridge-compressor-air-compressor/И еве некој малце што претерал
Code: [Select]
http://img.medicalexpo.com/pdf/repository_me/70529/sil-air-200-100-sil-air-200-100-v-sil-air-200-100-al-78639_1b.jpg Инаку овој тип на компресори се многу издржливи, поготово на низок притисок еден век ќе трае, може да постигне и висок притисок, минијатурни се а се мулти-функционални, и мислам дека овај тип на мотори влечат струја према товарот по кеофициент на искористеност.
Еве и вакуум пумпа

Get a Vacuum Pump for Free! (Fridge Compressor to Vacuum Pump)

претежно се користи за менување на фреон кај автомобили и кошта 500 еу + :)
Секако дека може да се искористи за други намени....
Еве имало и на 12Вдц компресорче, јас прв пат гледам

Mini DC Refrigeration Compressor - Oil Charge

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 149
Добар е само за нозла од 8мм (незнам на МК како се вика) , за поголема нема проток. Друго, овој компресор фрла многу масло. Во фрижидер ова масло се враќа во компресроот преку усисниот вентил и се меша со фреонот, тука треба одмастувач да ставаш. Може да се користи боца, ама ќе ти треба и регулатор на притисок (мин. цена 50 евра). Се ако собереш на куп излегува поскапо од нова (и тоа квалитетна) лемна станица.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 880
Јас не планирам да користам компресор, но дискусијата отиде во таа насока.
Жан

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4042
  • Gender: Male
Далеку од тоа дека треба да се преправаат фабричките станици со компресор од фрижидер, него за "снајди се" ситуација. А ти веќе си се снашол :)