Останато > Алат

Проблем со пумпа за топол воздух

(1/6) > >>

Zan:
Имам проблем со леткум на топол воздух. Проблемот е тоа што пумпата само брмчи а не дува воздух.
Вака изгледа



Видов дека подвижниот дел што е на средина, се заглавува во една крајна позиција.
Откако ќе го размрдам малку лево-десно, работи нормално се додека не го исклучам. На следното вклучување пак стои во една позиција.
Претпоставувам дека проблемот се јавил поради тоа што леткумот на топол воздух не бил користен долго време. Дали некој има предлог како да се реши овој проблем?


На втората слика, подвижниот дел е лево, а на третата е десно.






stiffy:
залепен е за мембраните подвижниот (белиот) дел?....ако мојш да го извадиш, од работење е некој дел истрошен. И дали оди до крајна десна позиција или центар и лево?(како на гифот)

А ако не е некој “забец“ направен туку заглавува од триење, вазелин малку би бркал работа :D

Zan:
Краевите на белата пластика се конусни, и на нив се навлечени мембраните.
Нема истрошен дел, туку од долго стоење, мембраните станале крути и тешко се поместуваат.
Кога го поместувам со рака, се движи од крајна лева до крајна десна позиција, но кога работи и кога ќе се исклучи, тогаш застанува во крајна лева положба, па потоа не може повторно да почне да се движи.
Не знам од каков материјал се мембраните, претпоставувам дека се гумени. Како може да ги омекнам, да се движат полесно? Постои ли некое средство за премачкување?

Atanas:
Пробај со најобични масло за подмачкување на велосипед. Можеби претходно било намачкано со некое масло, но поради долгата не употреба се исушило, така што коефициентот на триење е зголемен.  ;)

LordZi:
Пробај премачкај ги гумените мембрани со глицерин, тоа би требало да ги омекне, глицерин има во повеќето аптеки...

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version