Author Topic: Полнење на Ca/Ca Акумулатори  (Read 1579 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Полнење на Ca/Ca Акумулатори
« Opened on 03.07.2016, Sunday, 23:02:04 »
Пред една недела купив Акумулатор, кој би послужил како резервно напојување за радиостаница. Се работи за понов тип на акумулатори, Ca/Ca или калциум технологија. Акумулаторот е SMA (Sealed Maintaince Free)
Кога го измерив напонот на штотуку отпакованиот акумулатор, тој изнесуваше 11.5 волти. Читав нешто на интернет дека овие акумулатори се понлат со напон 14.4 волти, до 14.8 волти. Кога го уклучив на полнење, со тој препорачан напон амперметарот покажа 10 ампери. Одма го исклучив за да не направам некоја глупост.

Дали некој има искуство со ваков тип на акумулатори и дали е нормална таа струја на полнење која ја повлекува акумулаторот на полнење? На интернет кога пребарував не најдов одговори што би ми требале. Единствено што најдов за овие акумулатори е дека не се препорачуваат за постари типови на возила, бидејќи алтернаторите на постарите типови на возила немаат можност да полнат вакви акумулатори со тој препорачан напон од 14,4 ili 14,8 волти.

Акумулаторот е 36 Аh
Hams do it! With Frequency

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!

Code: [Select]
http://jgdarden.com/batteryfaq/carfaq9.htm9.3. Battery Charger Types
Current Charging Table
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Благодарам Тома.
Под таа точка колку што видов објаснува каков полнач треба да се користи, но кажано општо вели дека за различни типови на акумулатори треба малку поинаков полнач, и секако различен напон на полнење во зависност од типот.
Напонот на полнење не ми претставува проблем, бидејќи како полнач би користел исправувач на напон со напонска регулација, сепак не знам дали тоа е правилно, бидејќи во акумулатори и не се разбирам.
Барав на интернет и полнач за овие типови на акумулатори, но не најдов шема која би одговарала во случај да не треба да се полни со класичен исправувач на напон со напонска регулација.
Доколку би се користел класичен полнач, тој нема потполно да го наполни.

Се решив за ваков тип на батерија, бидејќи се полесни и имаат век на траење од 10-12 години доколку правилно се одржува
Hams do it! With Frequency

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
најдобро е да го полмиш со струја испод 3,6А а може и по мала. пожелно е да го полниш со пулсна струја, а пошто е само резервно напојување најдобро е да го одржаваш со нелоја многу мала сѕруја од 200-300mA. Значи некој полнач со тиристор и со струјно-напонска регулација. Бидејќи ќе биде позтојано на полнач добро енапонот да не преминува 13.8в а над овај напон струјата да опаѓа така да на 14.4в да добиеш 0 амп. Овде маш таков полнач, кој што може да се прилагоди за по мали акумулатори
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t453845-5#3542583