Author Topic: Среднобранов АМ приемник  (Read 966 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Среднобранов АМ приемник
« Opened on 27.03.2016, Sunday, 21:20:09 »
Членот Никол4е  побара шема заФМ и АМ приемници.Посебно за АМ бидејќи им барале во школо.Еве една шема која се работеше едно време,но падна интересот за АМ среднобранови приемници бидејќи сега само Скопје емитува АМ.Во вечерните часови со добра антена има услови да се фатат десетина станици и толку.
Шемата е составена од 2 транзистори од кои првиот може да биде било кој Si NPN од BC107....BF199...,а вториот би можел да биде од BC 547 ... BC 286,141....Се употребува звучник или слушалка од 16 до 64 оми.Може и високоомски слушалки од 2000 оми (детекторски).
На феритна антена се намотуваат два калеми(или еден со извод) се зема стандарден променлив кондензатор ( воздушен или од некој стар приемник *транзистор* од кој се користи поголемата вредност,она со повеќе плочи). Може да ставите во осцилаторното коло и антена направена од телефонска жица за подобар прием.Потенциометарот би рекле ја одредува повратната врска или осетливоста на приемникот.