Аналогна електроника > Високонапонска техника

Јонски мотор

<< < (2/13) > >>

batka:
Абе и Гига Ват ти го кажа истото како и јас - објасни малку подобро за што се работи.Во првиот пост ништо не е јасно објаснето,за тоа е тоа дување ! Можеби и некој ќе дува... ;D ;) ;) 8)

Atanas:
Речено - сторено видеото го прикачив на Јутјуб, а воедно по иницијатива на некои членови ќе ја дообјаснам работата на моторот. Следно тоа што ќе го прочитате е извадок од мојот домашен труј за на натреварот за млади техничари и природници организиран од страна на Народна Техника.
П.С Утре сум на меѓуопштински.  ;)
 
Јонскиот мотор, работи како што и самото име сугерира на тоа, така што преку млазник се испуштаат јони (наелектризирани атоми или молекули) со голема брзина.
Нешто околу физичките промени кои се случуваат во моторот: Гасот се јонизира од јонизатор ( катода – која емитира електрони ) кој во единица време создава константен број од јони и електрони. Со други зборови, активноста на јонизаторот е константна. Наелектризираните честици електрони и јони се добиваат при судир на брзите електрони со неутрални атоми на воздухот. Забрзувањето на електроните  добиени од катодата, се добива со соодветен напон меѓу електродите. Ако се надмине и онака големата вредност на напонот, забележуваме драстичен пораст на струјата на празнење т.е настанува самостојно празнење. Струјата на самостојно празнење се постигнува и без присуство на надворешен јонизатор. Да ја разјасниме накусо причината на самостојно празнење. При доволно високи напони, јачината на електричното поле останува многу голема. Поради тоа брзината на јоните, а особено брзината на електроните значително се зголемува. Со тоа значително се зголемува и нивната кинетичка енергија. Збогатените со енергија електрони и јони на патот кон електродите вршат судири со неутралните молекули на гасот ( воздухот ) и на тој начин вршат т.н. секундарна јонизација. Откинатите електрони и новосоздадените јони, под дејство на мошне јакото електрично поле се забрзуваат до толкав степен што се способни да ја продолжат јонизацијата и на другите неутрални молекули. Не е тешко да се забележи дека бројот на јоните и електроните добиени по пат на секундарна јонизација расте според законот на геометриската прогресија. По кусо време, бројот на наелектризирани честички во гасот станува толку голем што тие во јакото електрично поле се насочуваат кон електродите во форма на лавина. Позитивните јони се издвојуваат со посебен систем кој се состои од 2 или 3 електрични решетки, така што потенцијалната разлика на високо наелектризираните решетки ги забрзуваат јоните до енергија од 1-2 keV и ги исфрлаат со брзина од 145.000 km/h. За забрзување на јоните исто така може да се користи осцилационо електрично поле, со кое се индуцира променливо магнетно поле (какво што во случајот користам јас). За напојување на моторот може да се користат соларни панели кои ќе му дадат доволна моќност за да ја извршува својата работа.     
Потисокот кој го создава јонскиот мотор за разлика од хемискиот мотор е многу помал, но доволен за движење во услови на вакум.

Сега нешто околу работата на драјверот, односно каде што добивам висок напон кој ми овозможува околу електродите забрзување на јоните, при што се создава потисок:

Откако ја појаснив функцијата, начинот на работа и примената на јонскиот мотор, а сега ќе објаснам како јас го направив истиот. За добивање на високофреквентна ( висок напон ) наизменична струја, за забрзување на јоните користам драјвер  кој е составен од полуспроводници. Полуспроводниците се материјали коишто специфично се однесуваат во струјниот круг. Тоа се супстанции коишто во однос на спроводливоста се наоѓаат меѓу металите како добри проводници и изолатирите
На влез на драјверот користам 230 волти наизменичен напон, потоа на влезниот напон сериски имам поврзано ламба од 75 вати која ја ограничува струјата и не дозволува оштетување на одредени елементи во струјниот круг. На пример, намотката (торусот) која што е на драјверот има улога да ги заситува транзисторите. Кога ќе помини струја низ едниот, другиот се гаси, кога тој ќе се засити испраќа сигнал кон другиот и го буди. Потоа, кондензаторите го контролираат текот на струјата која влегува на примарната намотка од високонапонскиот трансформатор. Додека пак транзисторите во овој струен круг имаат за цел да ја зголемуваат фреквенцијата на драјверот. Откако драјверот ќе изгенерира високофреквентна наизменична струја на излез се приклучува на примарот од високонапонскиот трансформатор кој има за цел со помош на каскадата да го помножи напоно и да се добие висок напон на излез, при што каскадата тој напон го исправува.    Помеѓу електродите т.е анодата и катодата се случува процесот на забрзување на јоните. Така што во мојот случај катодата претставува јонизатор. Исто така поради високиот напон околу катодата се забележува облак од електрони кои се на некој начин стационирани, односно се движат само околу катодата. За да се докаже дека јоните навистина се забрзуваат низ решетката и создаваат потисок користам индикатор ( свеќа ), на која се забележува дека кога струјното коло е под напон таа трепери.

Еве го и самото видео:

Ion Thruster

DX-er:
Браво Атанас
 Само напред! Одлична презентација :)

Atanas:

--- Quote from: DX-er on 01.04.2016, Friday, 14:22:54 ---Браво Атанас
 Само напред! Одлична презентација :)

--- End quote ---
Благодарам DX-er !  ;D

GigaWatt:
Море јас се кладам дека кулерон го дува пламенот ;D ;D ;D. Као демек за ладење го ставил, како да не ;D ;D ;D. Не му функционирало, па сега дај некако да направиме да функционира ;D ;D ;D.

Малку шега ;) ;D.

Само неколку мали добронамерни корекции ;).


--- Quote from: Atanas on 01.04.2016, Friday, 09:35:47 ---Потисокот кој го создава јонскиот мотор за разлика од хемискиот мотор е многу помал, но доволен за движење во услови на вакум.
--- End quote ---

Прво, апсолутен вакуум (претпоставувам на тоа мислиш) не постои... или е многу тешко да се изведе, едно од тие две... не сум до толку навлезен во најновите достигнувања на физиката, така да, не сум сигурен околу ова, но во секој случај, не верувам дека е лесно изводливо.

Второ, ако просторот во кој ќе се постави овој систем е апсолутен вакуум, нема ништо да се случува ;D. Потребна му е материја (мислам на гас) за да може да функционира, а функционира во вселената бидејќи просторот во меѓу небесните тела не е исполнет со ништо (вакуум). Има мала концентрација на водород кој е доволно голема за да може нешто вакво, само поголемо, се разбира, да функционира ;).

Е сега, можеби некој ќе се запраша, ама па толку висок напон, можно е електродите да фрлат искра и да се запали водородот. Да, ова ќе беше точно, под услов да имаше и кислород освен водород во овој меѓуѕвезден и меѓупланетарен простор, но бидејќи нема или неговата концентрација е премногу мала (многу помала во однос на водородот), тешко дека ќе успее да се запали водородот ;) ;D.


--- Quote from: Atanas on 01.04.2016, Friday, 09:35:47 ---Полуспроводниците се материјали коишто специфично се однесуваат во струјниот круг. Тоа се супстанции коишто во однос на спроводливоста се наоѓаат меѓу металите како добри проводници и изолатирите
--- End quote ---

Не знам за кое поле си се пријавил на натпреварот, но ако е електроника, сметам дека ова објаснување е непотребно. Ако е полето физика, тогаш да, може да се спомне и вакво нешто ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version