Секој обид за промовирање на радиоаматеризмот во било која форма е за поздрав. Пофалби за Ване за ентузијазмот.
Знам дека е помлад оператор и врската што ја направи е во ред. Но сепак ќе мора да го корегирам.
Прво негова изјава од видеото која може да се чуе на 3:35.
"И на крај исто така се одјавуваме од репетиторот со нашиот повикувачки знак најпрво, а потоа и на нашиот соговорник..."
За време на QSO-то обата оператори правилно ги користат повикувачките знаци и неможам да сватам зошто ваков заклучок.
Како и да е, правилото гласи: Најпрво се дава повикувачкиот знак на соговорникот, а потоа го давате вашиот повикувачки знак. Oва е правило за одјава, за повикување на соговорник и повремено емитување на повикувачките знаци доколку радиоврската е подолга од 10 минути. Ова важи независно дали е врска преку репетитор или симплекс.
Другата работа која на која сакам да укажам е дека секоја врска мора да се заврши со повикувачките знаци. Тоа во случајов на видеово не беше така и врската ја затвори Ване само со 73, а би требало да беше: "...73, Z33IKN ова беше Z31VAJ."
Во секој случај браво за Ване и продолжи понатаму. Се надевам темава нема да застане тука, само со ова видео. Радиоаматерите се претставници на својата земја и пред се џентлмени. Оваа тема нека помогне да и нашата земја добие нови млади оператори, кои ќе се однесуваат по правилата и ќе ја запазат етиката на радиоаматеризмот. Како свој придонес на темава ги поставувам следниве линкови од текст за Етика и процедури на работа за радиоаматери.
И тоа на англиски јазик
http://www.hamradio-operating-ethics.org/sites/default/files/fields/files/1-Eth-operating-EN-IARU-R1-V3-CORR-2011.pdf
и хрватски јазик
http://www.hamradio.hr/download/Radioamaterska_etika_hr.pdf
Се надевам некој некогаш ова ќе го преведе на македонски.
73