Останато > Алат

Универзални рачни и електрични алатки и алати

(1/8) > >>

GigaWatt:
Имам некаде post-ирано слика на форумов од ова „алатче“, ама не ми текнува каде. Пред некој ден некаде низ работилница го изгубив (кој знае каде сум го затурил во тој хаос ;D, најверојатно некаде е паднато, ама кој да знае каде ;D), па по таа иницијатива решив да си направам ново ;).

Еве неколку слики од новото „универзално алатче“ ;D.





Тоа што претходно го имав, му имав направено потенка дршка, ама и оваа не е лоша ;). Инаку, алатот не е бургијата, ако некој случајно се збуни ;D, туку шилецот (иглата) на другиот крај од бургијата ;). До сега, барем за мене, имал буквално илјадници примени :).

Еве неколку слики кои прикажуваат за што се може да се користи ова алатче ;).

Чистење на вакуум пумпи ;).



Вадење на осигурувачи на кулери... па и од многу други уреди ;).



Исправање на малечки ситни пластични клапни, држачи, итн. ;).



Гребење на бакарни и други видови на метални повшини, вадење на гареж, киселина од батерии, чистење на оксидирани или оштетени водови, итн. ;).



Гребење на пластични затки, чепови, итн. ;).



Голем дел од овие работи може да се прават и автоматски, со помош на гравирка или некој друг сличен алат, но понекогаш, прецизноста е пресудна, а се разбира дека прецизноста се намалува колку е потежок алатот кој се користи/држи (можно е да ви се лизне на страна и несакајќи да поткачите некоја компонента :S).


Е сега, што ви треба за да го направите ;).

1) Шипче со адекватна дебелина. Може буквално да биде било што (како што се гледа, јас имам искористено стара бургија ;D) и да има било каква форма. Всушност, пожелно е да нема кружна форма (за да не се лизга по работната маса), така да, шипчиња со шестоаголен, па дури и квадратен напречен пресек, би биле подобар избор отколку кружни. Шипчиња... па скоро од се може да извадите: оски од серво уреди од стари CD-ROM-ови, стари VHS плеери/рикордери, стари CD/DVD плеери, стари скршени шрафцигери... од кај најдете, од таму ;), само да ви одговара дебелината и должината. Околу должината... не можам да ви помогнам, варира од рака до рака, така да, ќе си определите врз база на фатот на вашата рака. Дебелината... пожелно е да биде подебело од 3mm, за подобар фат и полесна натамошна изработка и доработка ;).

И, се разбира, најважно е да е направен од метал кој може да се леми. Во принцип, тука спаѓаат скоро сите пораспространети метали (кои најчесто може да ги најдете во стари уреди, „фурда“): железо, челик, месинг, бакар, но не и алуминиум. Од моето досегашно искуство, најдобро е ако шипчето е железно. Доволно тврд е, а може и релативно лесно да се обработува (буши). Челикот е малку тежок за обработка, но затоа нема да имате проблеми со оксидација и дршката секогаш ќе ви биде сјајна. Бакарот е многу лесен за обработка и калај најлесно се фаќа на него, но мек е и знае да се свитка (ако малку појако стиснете со алатчево). Освен тоа, брзо оксидира, така да, не би рекол е најдобар избор за дршка на алатчево.

Алуминиумот не може да се леми (барем не со класичен калај), така да, за оваа намена, не ви одговара алуминиумско шипче... или или шипче од некоја легура на алуминиум (оние сивите легури што... колку што знам, правени се од метален отпад и кој знае што има во нив ::)). Лесно се познаваат алуминиумските шипчиња, лесни се и кога ќе пробате да ги сечете со шмишајбна, не летаат искри од листот на шмишајбната. И од бакарот не летаат, ама бакарот барем по боја се познава, а алуминиумот... може на прв поглед да личи и на железо, така да, не е лошо прво да проверите дали може да се леми ;). Ако не може, алуминиум е ;).

2) Дебела игла. Најдете ја најдебелата игла што ја имате дома и скратете ја до адекватната должина. Која е адекватна должина... не би знаел да ви кажам, повторно, ова е индивидуално, можеби некој ќе сака подолг врв, некој пократок... зависи. Во секој случај, не е пожелно да биде предолга иглата (малку да е скратена) бидејќи можно е да се свитка додека ја употребувате. Така да, најдобро е ако ја кратите по малку или скратете ја до некоја должина, па пробајте. Ако не одговара, скратете ја уште малку ;).

3) Моќен леткум ;). Во превод, пожелно е да имате лемна станица, но и леткум од... 60-тина вати би требало да заврши работа ;).

4) Бормашина и шмишајбна, или, уште подобро, шрафилица и гравирка со додаток за малечко шмишајбниче ;).


Е сега, како се прави ова алатче ;).

1) Ако шипчето е предолго, го скратувате до адекватната должина со помош на шмишајбната или гравирката со додаток за малечко шмишајбниче. Ако не знаете колку е доволно, скратувајте по малку и потоа поставете ја во рака дршката (шипчето), движете ја малку низ рака и видете дали ви одговара тежината и должината. Ако мислите дека е ОК, тоа е тоа ;). Ако не сте сигурни, не го скратувајте премногу шипчето, секогаш може да се оземе, ама тешко може да се додаде ;).

2) Бушите дупка со должина од 1cm до 1.5cm во средината на шипчето (не мислам на средината по должина, туку по напречен пресек... иако мислам дека е очигледно од сликите, но, за секој случај, да наведам ;)). Со колкава бургија... зависи колку е дебела иглата. Ако имате на располагање и шублер или (уште подобро) микрометарски винт, измерете ја дебелината на крајот од иглата (до каде што ја имате исечено), додадете уште 0.1 или 0.2mm и бушете со бургија со добиената дебелина. Ако не можете да најдете бургија со адекватна дебелина (на пример, ви излегла вредност од 1.3mm), бушете со наредната вредност која е „стандардна“ (во конкретниот случај, околу 1.5mm). Од моето досегашно искуство, најчесто доволно дебела е бургија од 1.5mm ;). И да има малку фазла простор, не е проблем, тој ќе се пополни со калај, а дури и да не се пополни, ако е добро фатен калајот со површината на дршката (шипчето) и иглата, верувајте, нема да мрдне иглата ;).

Најдобро е ако бушите со шрафилица на мала брзина (почнувате полека, нели, дур си направи бургијата лежиште), па потоа можете слободно да го стиснете копчето до максимум ;). Ако не ви е точно на средина дупчето, не е проблем, ова може подоцна да се искорегира ;), а и да не се искорегира, не е голем проблем ;). Бормашините се тешки и затоа не би ги препорачал за оваа намена. Од друга страна, гравирките имаат голем број на вртежи, така да, можно е лесно да се оштети бургијата, особено ако дршката е челична :S. Ако немате шрафилица (како мене ;D), ќе мора да ја ладите бургијата од време на време. Или вадете ја од дупката, почекајте да се олади и потоа пак бушете или ладете ја со моторно масло или вода (систем „капка по капка“ ;D).

Значи, најдобар (но и најспор ;D) избор е шрафилица, но во прицип, може да се користи било кој алат кој го имате на располагање, а е наменет за бушење ;).

3) Претходно скратената игла ја ставате во дупчето и проверувате дали должината и е адекватна. Ако должината не одговара, кратете ја по малку (2, 3mm) и видете кога ќе ви одговара должината ;). Кратете со помош на шмишајбна или гравирка со додаток за малечко шмишајбниче. Практично, ќе заврши работа и поголема цвикцангла, но, прво, тие ќе ја скршат иглата и не знаете кое парче каде ќе зврши :S (парчињата ќе се разлетаат на различни страни) и, второ, цвикцанглите најверојатно ќе бидат оштетени на местото на кое сте ја стиснале иглата. Ако се доволно големи, оштетувањето најверојатно ќе биде минимално и нема да пречи при работа, но ако се помали, можно е иглата да направи поголемо оштетување и практично, цвикцанглите да станат неупотребливи :S.

Околу летањето на парчиња кога иглата се скратува со помош на цвикцангла, ова лесно може да се реши ако едно од парчињата го држите со рака (она парче кое ви треба ;), каде што е врвот на иглата ;)), така да, треба да се грижите само каде ќе летне другото, но сепак, можно е да се случи да не го најдете, а бидејќи станува збор за челик, најчесто неправилно се кршат парчиња (не е мек метал и не се витка како бакар или железо) и можно е крајот кој сте го откинале да е остар и некој ден (не дај боже) несакајќи да стапнете или да се наденете на него.

Затоа, најсигурна опција при кратење на иглата е шмишајбна или гравирка со адекватен додаток. Ако немате при рака, позајмете од некој ;).

4) Ја ставате иглата во дупчето и лемите околу него ;), слично како да лемите компонента на плочка, но најверојатно ќе ви треба поголема стрпливост ;). Притоа, дршката се поставува вертикално и се држи со некој помошен алат (клештичка, „трето раче“ или нешто слично), но немојте да ја ставате дршката на менгеме. Менгемето одзема голем дел од топлината при лемењето, така да, можно е да не можете добро да ја залемите иглата за дршката.

Ако имате леткум со температурна регулација (лемна станица), најверојатно ќе треба го поставите на максимална температура (околу 400 степени). Кинеските "combo" лемни станици (SMD лемна станица со додатна обична лемна станица), обично одат до 480 степени, но оваа температура најверојатно е превисока. За овие лемни станици, 3/4 од отклонот на потенциометарот би било доволно ;). Ако има скала со температурни ознаки, поставете ја станицата на 400 степени и по потреба, подесувајте (повеќе или помалку).

За оние кои имаат обични леткуми или леткуми со регулација со триак, поставете го потенциометарот за контрола на триакот во максимална позција (максимална температура) и откако ќе се загрее леткумот, поставете го врвот до металната дршка (шипчето) и иглата за да почнат да се греат ;). Држете го врвот од леткумот во таа позиција едно 10-тина до 20 секунди. Ставете малку калај (кој содржи флукс, се разбира) и видете дали ќе почне да се леми целата конструкција. Ако сеуште не се леми, најверојатно не е загреана доволно. Можно е леткумот да ви е преслаб или да не сте ја грееле конструкцијата доволно. Загрејте ја целата конструкција пак (овој пак, подолго) и пробајте пак. Ако повторно имате проблеми, можно е да е проблематичен калајот. Купете поквалитетен калај или паралелно со калајот стопете и малку калафониум врз конструкцијата. Ако пак имате проблеми или ако калајот се фаќа само на иглата, но не и на дршката, најверојатно дршката е алуминиумска :S. Ќе треба да најдете друга. Затоа, најдобро е прво да пробате дали се фаќа калај на дршката пред да ја бушите ;). Со ова, ќе добиете и претстава од прилика колку време треба за да се загрее дршката ;). Калајот кој ќе се фати на дршката лесно може да се отстрани со вакуум пумпа или со шмишајбна за повторно да добиете рамна површина на која може да бушите ;).

Откако ќе ја залемите целата конструкција, оставете ја неколку минути да се олади (5 минути се повеќе од доволно) и ако ја држите со клештичка, гледајте да бидете што е можно помирни, барем првите 20-тина секунди за да може калајот убаво да се стегне за целата конструкција. По првите 20 секунди, можете да ја спуштите дршката на маса и да почекате целосно да се олади ;).


Па, горе долу, тоа е тоа. Ако имате некои прашања, идеи, итн., слободно пишете ;).

ПС: Оригиналниот наслов на темата беше „Универзално алатче“, но, подоцна темата си завзеде сопствен правец, така да, соодветно беше да се смени и името на темата ;).

Z31GH:
Гледам си го преврзал и прстот  ;D Од алатот ли е? 

LordZi:
За вакви работи незаменливи се забарските алатки, кој може да најде, има разни шила, полуги, шпакли и што не... После одреден број стерилизирања потемнуваат и не се повеќе за медицинска употреба, па ако го замолите убаво вашиот стоматолог може да добиете неколку бесплатно... ;) Исто така доста се корисни и хируршките хемостати, ги гледав на бувљак, за држење мутерчиња и сл. на недостапни места се незаменливи...

batka:
Добродојдовте во 2016 и пожелувам повеќе слични теми како ова на Лордзи!! Само напред,секој има некоја своја *цака* и добро е да се слушне за тоа на Форумов,

LordZi:
Си ме помешал со GigaWatt , негова е темата... :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version