Здраво момци,ке ве замолам за совет,насока,размислување................
Имено,направив напојуванје наменето повеќе за напојување на радиаматерски станици со фиксен напон од 13,8в.Може да се регулира напонот од 0-30в и струјата од 0-20а,но за да не се случи некој(или јас) случајно да го помрдне потенциометарот за напонска регулација и ДА ОТИДЕ СТАНИЦАТА(ја користам оваа прилика да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на "Z31GH" за несебичната подршка и совети во текот на склопувањето и на "Hahahaha" за изработката на плочката и V A метрите),ја направив фиксна без можност за штелување(на сликиве сеуште не е средена).
Се случува следново-Кога ке врзам на него обичен отпор како на сликава сијалиците 2х55w,тогаш се е во ред,напонот скоро и да не паѓа(околу20мв),струјата е некаде околу 10,5А исто не мрда,ладењето се вклучува и така може да тера со саати.................
Е сега,проблемот настанува кога ке врзам радиостаница(нели тоа му беше намената
),од некои причини кога ке почнам да емитирам ,еден(или повеќе незнам) од излезните транзистори почнува да шушти и автоматски напонот паѓа од 2 до 3в!!! и станичката се исклучува ........кога ке го мрднам кабелот за напојување на станицата,или ја поместам целата кутија од напојувањето за 20 до 30 сантима ШУШТЕЊЕТО ПРЕСТАНУВА и напонот се враќа на 13,8в?
..и се нормално си работи(станицата зема околу 10А на предавање ,а напонот скоро и да не паѓа).........
Сето ова да биде уште по чудно,кога јас се движам околу напојувањето,или му се приближувам да го фатам со рака а не го допирам,СЕ СМИРУВА и како ништо да не било.....само што ќе ја повлечам раката назад повторно почнува да варира и шушти........
Морам да напоменам дека антената ми е надворешна и е многу блиску до прозорот во собата каде што се напојувањето и станицата,се е во радиус од 3 до 4м2.
Дали е некаква интерференција од антената бидејки предавам на 50w моќност,или е до квалитетот на излезните транзистори......дали треба да се вградат некакви филтри и каде......НЕЗНАМ.
Би ви бил благодарен за некакво инфо........
Поздрав
Игор