Електронски уреди > Видео опрема

Помош за напојување на Dreambox 500-S

<< < (2/3) > >>

krema:
Пробано е со друг извор на напојување и Dreambox-от е исправен, така и констатирав дека дефектот е во напојувањето.
Инаку овој адаптер треба да придвижува и мотор што ја врти чинијата, па затоа треба да биде 1 до 2 Ампера.
Ке се обидам прво со кондензаторите во секундарот, па потоа како што предложивте погоре со оптокаплерот и компонентите околу него.

Фала на сите за советите.
Споено мислење: [time]17 Октомври 2015, 17:44:32[/time]Ги променив двата кондензатора во секундарот 1000mF 16v (кај мене беа 470mF 16v и исти такви ставив бидејки физички не ги собира 1000mF 16V), и адаптерот си проработи од прва т.е. не му паѓа напонот под оптеретување.
Ќе треба сега да го тестирам неколку дена за да видам како ќе се понаша и дали пак ќе ги начара кондензаторите :)

Фала на сите уште еднаш на насоките.

Поздрав

krema:
Станува збор за истото напојување од првиот пост.
Овојпат кондензаторот 22uF 400v издуван и не можам да најдам кај мене со таа вредност, имам 33uF 400v и дали може да го ставам тој? Не сум сигурен дали ќе може физички да го сместам во кукиштето, треба да проверам. :)
Или имам друга опција, два кондензатора од 10uF 400 во паралелa би биле 20uF (овие би требало да ги прибере во кукиштето)!?

Било каква сугестија ако може. :)

Zan:
Може да ставиш 33uF 400V или 2 по 10uF, секако ќе работи, ако е само тоа проблемот нели.
Јас би ставил еден од 33uF само затоа што има помалку лемење. :D

krema:
Направив проба со 33uF ама некако многу гломазно и чинам дека немаше да го собере. Сепак со малку повеќе лемење :D ставив 2х10uF и сето тоа во термособирачко црево за секој случај. :)
Еве го работи напојувањето, моментално го користам за напојување на полнач за литиумски 18650 батерии кој кога е во употреба влече и по 2A, а полнењето трае околу 2 часа и 30 минути. Секако дека не влече цело време 2А но претпоставувам дека првиот саат и половина работи под полна снага. :) Напојувањето е декларирано на 2А. :)

Сликите се од интернет!
Спорното напојување. :D


Напојувањето се користи за следниов полначот на батерии.

bicikle:
немаше опција на 300 ma да полниш?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version