Електронски уреди > Видео опрема

Помош за напојување на Dreambox 500-S

(1/3) > >>

krema:
Напојувањето е за Dreambox DM500-S - 12v 2A

Кога нема оптеретување дава приближно 12v, но кога ке се оптерети дава околу 3,8v. LED диодата свети нормално, но видно ослабнува кога ке се оптерети односно кога ќе падне напонот на 3,8v.

Нема ништо сомнително на прв поглед (изгорено или зачадено), сите компоненти изгледаат како нови. Мислев прво да ги променам двата кондензатори 1000mF 16V кај излезот, транзисторот 2N60 (од око) ми изгледа здрав, но пред да почнам нешто би сакал да ми дадете некои насоки и инструкции од каде да почнам.

п.с. Морам да напоменам дека во шемата кондензаторите на излезот се 1000mF 16v, а во ова напојување се ставени 470mF 16v. Напојувањето е мало како за некој мини лаптоп, па 1000mF 16v не би го собрал внатре.

GigaWatt:
Провери го оптокаплерот PC817 и компонентите околу него (LM431, кондензаторите, отпорниците).

Milco:
Мој совет ти е да го провериш повратниот напон,односно референтниот напон составен од малите отпорничиња,ТЛ431 и оптокаплерот.Но,според тоа што напонот опаѓа експоненцијално,можно е и да е некој кондезатор.Но,во реалноста се е можно,затоа совет-дел по дел менувај ги и оптовари,ако не паѓа-пиши што е проблемот. :D (но не може да е се овие горниве работи дефектот,ќе испадне и да е PWM контролерот,транзисторот или пак најлошо да имаш некој ладен лем :D ,што ми се има случувано при сервисирање)

Lux:
Можеш да најдеш и за 200 ден. ваков адаптер,бидејќи Drimboks S 500 умрена работа,а цел дримбокс сосе адаптер во ПП е за 1000 ден,е сега кога си веќе запнал за твојот па напојувајго со PC напојување,бар така јас едно 4-5 Drimboksi во кабелска јас имам поврзано,работат неколку години без проблем.
-Доколку сакаш веќе да го поправиш адаптерот почни од кондензаторите. ;D

Toma:
Наместо да го напојуваш Dreambox-от приклучи светилка од 12V и од 5W до 24W (светилка од автомобил), а притоа мери ја струјата која тече низ потрошувачот. На овој начин се елиминира дали е проблем напојувањето или Dreambox-от !

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version