Пред околу еден месец приметив дека фиксната телефонска линија не ми работи. Се јавив во Call- центарот за грижа на корисници во One. Таму ми беше речено дека мора да ја вратам старата опрема, односно модемот и да земам нова опрема.
Штосот бил во тоа што повеќе не се дели интернетот и линијата преку сплитер, и сега телефонската линија и интернетот одат преку еден уред, интернет, телефон, рутер, се преку еден уред.
Ок си велам и следниот ден отидов да ја заменам опремата со нова.
На прв поглед опремата изгледаше импресивно. Уредот е Iskratel Sinope 568+R4.
Уредот работи ок, но само доколку сум на неколку метри од него. Доколку слезам долу, или во дворот, интернет скоро и нема, така што заклучив дека овој уред е многу послаб од старата опрема, послаб и од мојот рутер Linksys WRT-54GL. Со други зборови, со старата опрема, односно модемот поврзан со линксис рутерот тераше одлично, имав интернет насекаде, во дворот и во работилницата.
Интернет ми е важен во дворот будејќи во овој жежок период сакам да седам во дворот под сенката од лозницата, многу пати и навечер.
Исто така важен ми е интернет во работилницата. Таму имам поставено и едно радиопојачало кое го поврзувам со таблет, и кога работам со дребонгот, пуштам еден концерт или цел албум да свири додека работам.
Сето ова со Iskratel Sinope 568+R4 ми е скратено. Оваа опрема според мене е слаба иако е пуштена на 100% TX. Но што е, тоа е, велат постарите.
Не сум знаел дека за ова имало решение. Стариот рутер Linksys WRT-54GL има скриени можности. Овој рутер е еден од најдобрите рутери произведени воопшто. Го купив нов пред едно година и пол за цена од околу 4000 или 4500 денари. Се одлучив за овој модел бидејќи ги задоволуваше моите потреби, стабилен и брз интернет како и добар домет. Linksys за овој модел нуди можност да се надогради со open source firmware. За ова се консултирав со @batka.
го сменав firmware-от и ставив DD-WTR firmware препорачан за овој рутер.
После многу неуспешни обиди
(не ме бива толку за WiFi подесувања) денес некако успеав да го подесам. За ова има и туторијали на интернет како се прави, но сепак треба некое искуство за тоа, не е баш за почетници бидејќи е малку сложен овој фирмвер.
Сликите се направени после успехот пред еден час, сум требал да ги правам додека ги правев подесувањата, но ќе беа многу, а тоа е непотребно.
Се гледаат 3 мрежи, мојата е RADIOACTIVE, додека Papaz мрежата е на комшиите.
Рутерот, ах пардон... Репетиторот го поставив на горниот балкун, од синопе рутерот е некаде 6-7 метри далеку. Има оптичка видливост до секое место во дворот, како и до мојата работилница.
Сега додека е во тест фаза го ставив на еден бетонски столб на држач за саксии. Доколку е се во ред, од Алфаелектроник ќе купам пластична кутија за него која ќе го штити од секакви временски услови и ќе го монтирам на оградата од балкунот и ќе биде заштитен од секакви временски влијанија.
Слегов на долниот балкун и се конектирав на него. Од истото место каде што го подесував да работи во овој мод. Еве го резултатот.
Сега имам интернет и на местата каде што имав многу слаб сигнал. Сега е касно, но вечер имам нешто работа во работилницата и ќе го тестирам сигналот и таму, сигурен сум дека ќе има колку толку сигнал за да можам да слушам музика додека работам. Ќе направам и слики за вечер и утрево текот на денот. Доколку е се во ред, купувам пластична кутија и ќе го надоградам со подобри антени.