Author Topic: WiFi Репетитор од стар рутер  (Read 3083 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
WiFi Репетитор од стар рутер
« Opened on 05.08.2015, Wednesday, 21:51:34 (Edited 05.08.2015, Wednesday, 22:04:46) »
Пред околу еден месец приметив дека фиксната телефонска линија не ми работи. Се јавив во Call- центарот за грижа на корисници во One. Таму ми беше речено дека мора да ја вратам старата опрема, односно модемот и да земам нова опрема.
Штосот бил во тоа што повеќе не се дели интернетот и линијата преку сплитер, и сега телефонската линија и интернетот одат преку еден уред, интернет, телефон, рутер, се преку еден уред.
Ок си велам и следниот ден отидов да ја заменам опремата со нова.
На прв поглед опремата изгледаше импресивно. Уредот е Iskratel Sinope 568+R4.





Уредот работи ок, но само доколку сум на неколку метри од него. Доколку слезам долу, или во дворот, интернет скоро и нема, така што заклучив дека овој уред е многу послаб од старата опрема, послаб и од мојот рутер Linksys WRT-54GL. Со други зборови, со старата опрема, односно модемот поврзан со линксис рутерот тераше одлично, имав интернет насекаде, во дворот и во работилницата.
Интернет ми е важен во дворот будејќи во овој жежок период сакам да седам во дворот под сенката од лозницата, многу пати и навечер.
Исто така важен ми е интернет во работилницата. Таму имам поставено и едно радиопојачало кое го поврзувам со таблет, и кога работам со дребонгот, пуштам еден концерт или цел албум да свири додека работам.
Сето ова со Iskratel Sinope 568+R4 ми е скратено. Оваа опрема според мене е слаба иако е пуштена на 100% TX. Но што е, тоа е, велат постарите.
Не сум знаел дека за ова имало решение. Стариот рутер Linksys WRT-54GL има скриени можности. Овој рутер е еден од најдобрите рутери произведени воопшто. Го купив нов пред едно година и пол за цена од околу 4000 или 4500 денари. Се одлучив за овој модел бидејќи ги задоволуваше моите потреби, стабилен и брз интернет како и добар домет. Linksys за овој модел нуди можност да се надогради со open source firmware. За ова се консултирав со @batka.
го сменав firmware-от и ставив DD-WTR firmware препорачан за овој рутер.
После многу неуспешни обиди (не ме бива толку за WiFi подесувања) денес некако успеав да го подесам. За ова има и туторијали на интернет како се прави, но сепак треба некое искуство за тоа, не е баш за почетници бидејќи е малку сложен овој фирмвер.

Сликите се направени после успехот пред еден час, сум требал да ги правам додека ги правев подесувањата, но ќе беа многу, а тоа е непотребно.










Се гледаат 3 мрежи, мојата е RADIOACTIVE, додека Papaz мрежата е на комшиите.



Рутерот, ах пардон... Репетиторот го поставив на горниот балкун, од синопе рутерот е некаде 6-7 метри далеку. Има оптичка видливост до секое место во дворот, како и до мојата работилница.
Сега додека е во тест фаза го ставив на еден бетонски столб на држач за саксии. Доколку е се во ред, од Алфаелектроник ќе купам пластична кутија за него која ќе го штити од секакви временски услови и ќе го монтирам на оградата од балкунот и ќе биде заштитен од секакви временски влијанија.
Слегов на долниот балкун и се конектирав на него. Од истото место каде што го подесував да работи во овој мод. Еве го резултатот.


Сега имам интернет и на местата каде што имав многу слаб сигнал. Сега е касно, но вечер имам нешто работа во работилницата и ќе го тестирам сигналот и таму, сигурен сум дека ќе има колку толку сигнал за да можам да слушам музика додека работам. Ќе направам и слики за вечер и утрево текот на денот. Доколку е се во ред, купувам пластична кутија и ќе го надоградам со подобри антени.


Hams do it! With Frequency

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: WiFi Репетитор од стар рутер
« Reply #1 on 06.08.2015, Thursday, 18:59:04 »
...Уредот работи ок, но само доколку сум на неколку метри од него. Доколку слезам долу, или во дворот, интернет скоро и нема, така што заклучив дека овој уред е многу послаб од старата опрема, послаб и од мојот рутер ...
А дали провери какви се поставките за трансмитерот, со која снага зрачи?

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: WiFi Репетитор од стар рутер
« Reply #2 on 06.08.2015, Thursday, 20:56:17 »
Поставките на синопе рутерот се наместени на 100%, односно на максимални перформанси. Синопе рутер можеби е добар, но само за во стан. Доколку се користи во куќа, тогаш не е добар плус и дворно место не покрива. Линксисот додека го работев како рутер имав солиден сигнал насекаде. Линксис рутерот кој сега работи како репетитор е наместен на стандардни перформанси на предавање, оносно 71mW, а може да се оверклокова до 250 mW според податоци на интернет ако не се лажам, но ќе проверам. (Пак велам не се разбирам многу во WiFi подесувања) Така испаѓа дека рутерот Синопе е можеби 50 mW според мене.
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Денес разгледував по интернет можности за оверклоковање на рутерот кој сега работи како репетитор. Според податоците кои денес ги гледав, рутерот може да се оверклокова до 250 миливати. Тоа е навистина многу,но не би ја претерал до толку, не сакам да му го скратам векот. Би го оверклоковал до 100 или максимум 120 миливати. Но за тоа треба ладење. Разгледував разни можности за вгадување на ладилници и Fan mod. Некои ја оштетуваат горната пластика и вградуваат поголем вентилатор, но тоа естетски по мене не е убаво. Имам еден ладилник и вентилатор од стара графичка карта, кој е во добра состојба, не греби кога врти и реков малку да го спремам за оверклоковање.



Не можев никако да го отворам уредот па побарав на интернет туторијал.

www.www.youtube.com/watch?v=-7ZbaJuFwXQ

Ете можело..



Спремив тоа што е потребно.


На ладилникот со вентилатор му сметаше еден кристал кој беше повисок од процесорот на рутерот, па морав малку да го обработам ладилникот со тоа што ушките, или како да ги наречам ги истружив со турпуја.





Сега веќе пасова. Има ште еден чип под него, кој не знам што е, но и за него спремив ладилник,како на сликата погоре, но беше премногу голем, па го секов колку да го покрива само чипот. Не сакав да го ставам цел ладилник од причина што би допрел некои други ситни елементи како смд отпорници и слично за да не дојде до краток спој.




Оваа лента ја заменува пастата 100%. Тоа е топлински проводна и стабилна на високи температури самолеплива лента за ладилници која ја купив од саемот за радиотехника во Германија пред две години. За вакви работи не би требало да има проблем.



Истата ја лепиме на процесорот.




Сега тој мал кристал ништо не го допира, а ладењето е точно на центарот.
Единствено нешто што не успеав да му ставам ладилник е меморијата на рутерот. Немаше место за да се постави ладилник, но добра страна е тоа што вентилаторот дува и кон меморијата.

Следниот чекор е да се залемат жичките на вентилаторот кон напојување. Тоа лесно го најдов, се наоѓа на влезот за адаптерот. Доволни се основни познавања за лемење (никогаш не сум бил баш добар во тоа)


Сега веќе изгледа се како што треба. Пробата е успешна.


Внимавајте при вакви модификации, секогаш ставете ги антените назад во конекторите кога го испробувате отворен , бидејќи може да го прегорите рутерот.

Откако го затворив, го однесов на старото место каде ми служеше како репетитор. При пуштањето се слушаше звукот на вентилаторот, но тивко, скоро и да не се слуша.
Од друга страна, јас не направив баш многу со ова, едноставно го подготвив за оверклоковање.

Hams do it! With Frequency

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Од кај да најдам такви лепенки што се лепат ладниците за чиповите ? ми требаат за иста намена

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: WiFi Репетитор од стар рутер
« Reply #5 on 30.08.2015, Sunday, 21:33:23 (Edited 30.08.2015, Sunday, 21:40:50) »
Горан, зедов три ленти такви од саем за радиотехника. Овде немам видено такви. Карактеристично е тоа што ладилникот кога ќе го залепиш не можеш повеќе да го извадиш, или ако го извадиш со ептен голема мака ризикувајќи да го оштетиш чипот. Една таква поширока лента му дадов на еден пријател да залепи ладилник на процесор од компјутер. Ладилникот и до ден денес не мрда. добра особина е тоа што овие ленти се токму за тоа наменети и 100% ја заменуваат пастата. Мака ми е што не набавив поголема количина такви ленти,мислев дека се трт прт глупости. Оваа случајно ја најдов по 2 години, да не ја најдев не знам како би монтирал ладилници на чиповите од рутерот.

Споено мислење: 30.08.2015, Sunday, 21:40:50
еве најдов како се викаат.
Барај Thermal tape, има на алиекспрес

Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/wholesale?catId=0&initiative_id=SB_20150830113904&SearchText=thermal+tape
Hams do it! With Frequency