Електронски уреди > Видео опрема

Непознат дел на плочка за напојување на DVD плеер First Austria FA-5152

(1/2) > >>

dejanpetrus:
Поздрав значи имам проблем со еден DVD плеер First Austria FA-5152 на плочката за напојување има еден дел кој мислам дека служи за импулси, но незнам и неможам да го најдам , мислам дека е и тој изгорен па ако може помош од вас , имаше изгорено и еден мосфет транзистор ги заменив двата со irf 830  и кога го вклучам во напон на почетокот после мосфетите добијам 130 волти, и се се намалува така до нула, јас мислам дека е до тоа црното заокружено на сликата, па ако можете и знаете кажувајте...





BorceBT:
Тоа е хибрид коло и најверојатно нема да може да го најдеш во продажба за жал.

dejanpetrus:
најверојатно е тоа изгорено затоа што како што опишав мислам дека е за импулсите од тоа коло оди на мосфет транзисторите им дојде моментално кога го вклушам во струја некаде околу 130 волти права струја и се намалува до нула, значи највероватно е тоа коло, дали би можел некако на некој друг начин да го преправам на крајот на излазите ми требаат 15 волти 5 волти и 18 волти

Toma:
Сметам дека може да работи со оваа плочка на сликата подолу, само што, потребно е минимално искуство и познавање на проблематиката. Со купување на плочката има и упатство за вградување или поврзување на истата.

dejanpetrus:

--- Quote from: Toma on 29.07.2015, Wednesday, 17:34:31 ---Сметам дека може да работи со оваа плочка на сликата подолу, само што, потребно е минимално искуство и познавање на проблематиката. Со купување на плочката има и упатство за вградување или поврзување на истата.



--- End quote ---


вака да се пофалам до некаде се снајдив без плочката , го поврзав на напојување од компјутер таман си се совпадна за -12 средна и +12, исто и за +5 волти,.... за појачалото наместо +-18 волти му ставив +-12 волти и тоа кога го вклучам си врти вентилаторчето и прави мал буп на звучникот.
е сега проблемот е со командите од напред од плочката и од дисплејот исто и тие се поврзани на плочката од напојувањето а таму не ги пишува баш тие волтажи како за малер па еве сликав некоја слика според кондензаторите како се поставени би пробал на +5 волти незнам баш на која волтажа работат дисплеите па секаква помоѓш е добредојдена...



Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version