Други технологии > Автоматика

Тајмер за бојлер

<< < (2/8) > >>

nikola_bb:
Да да батка знам дека некој контактор ќе треба само незнам со колку декларирана јачина. Дека незнам како ги декларираат?

MURO:
И јас сакам да изработам тајмер за бојлер, ама јас сакам само преку ден да работи. На скапа струја. Мислам дека преку ноќ, поготово зимно време само одржува без врска топла вода која никому не му треба во тоа време.  Поисплатливо е само преку ден да грее. А за електрониката ќе се  најде решение. Поважно е кога да работи тој тајмер. Тука барам повеќе  мислења.

batka:
Чудно барање,само на скапа струја.Што ќе ти е тајмер тогаш? Стави си само добар термостат и остави преку ден уклучен бојлер.

bicikle:
Batka, на вечер 6 пати ке вклучи и исклучи.. Зошто, кој ќе се капи во 4 ноќеска...ретко некад али во глобала доволно е пола саат да грее. Башка ладна вода е поздраво :)
Како и да е, мислам димитармк, член од форумов правеше некои склопки со аруино или како се вика, да се вклучува боњерот преку веб или на титка, т.е. преку порака или сигнал. Така би било најарно.
За заштеда, соларни панели, добра инсталација чини околу 2000 евра, додека солидна 500-600 евра, за куќа со 4 члено семејство (баба и дедо само за велигден се капат не ги кладовме во есап)   ;D

MURO:
@Batka Не е чудно барањето. Ако ти бојлерот го пуштиш пр. во 11PM а прва потреба од топла вода имаш да речеме во 8AM (другиот ден) тогаш навистина водата во него се загрее на евтина струја, ама до 8 AM уште неколку пати ќе се вклучи и исклучи. Поевтино ќе те фати ако го вклучиш во 7AM па на скапа струја загрее и го користиш во 8 AM. Првото решение е добро ако имаш потреба од само еден бојлер вода дневно и ако тој бојлер има идеална топлотна изолација.  Овие нашиве бојлери имаат слаба термичка изолација. Кој барем еднаш отварал бојлер знае на што мислам.
Што се однесува до тајмер, може лесно да се направи како комбинација од овие тајмери што се продаваат (дигитален или пак оние тркалезните со моторче) и една ЦН склопка. Тајмерот наместо да го вклучува/исклучува бојлерот ќе ја вклучува ЦН склопката а таа пак ќе го вклучува бојлерот. Ова е наједноставно и најевтино решение. Би чинело нешто помалку од 50 евра. Тоа може да биде и некоја поевтина склопка или реле со перца. Ова последното е некаде околу 500 ден. И немора да оди на двата проводника (само на еден). Второто решение е поелектроничарско, со некој поголем тријак (пр BT25) и елетроника ама ќе испадне поскапо од првото.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version