Аналогна електроника > Високонапонска техника

Општи дискусии поврзани со високонапонската електроника

(1/7) > >>

KiloVolt:
Мислам дека и на овој под-форум му требаше ова, а и ќе се намали бројот на непотребни теми поврзани со кратки прашања...

       Да ја почнам темава со еден голем проблем на кој што наидува секој кој пробува да направи солид-стејт теслин трансформатор (користи полупроводнички компоненти за контрола на струјата во примарната намотка), а тоа е таканаречениот shoot-through, појава при која по некоја случајност два од контролните елементи се вклучени истовремено, што и дава лесен пат на струјата да протече (ефективна куса врска на напојувањето). При оваа појава страдаат двата контролни елементи, а тоа станува многу скапа работа кога се користат транзисторски модули...
       За да се реши овој проблем, сите чипови- драјвери за FET и IGBT транзисторите имаат вграден елемент кој прави кратка пауза помеѓу вклучувањето и/или исклучувањето на транзисторите што не дозволува двата транзистори да се вклучат истовремено. Но овде пак се јавува проблем- доколку транзисторите имаат долги времиња на вклучување и исклучување, што пак може да доведе до оваа појава...
       Едно време размислував за универзален начин на заштита на транзисторите без разлика на нивните прекинувачки карактеристики. Еве како изгледа една класична шема, полу-мостен инвертор со MOSFET-и.



Еве со што излегов на крај, во овој случај, доколку и двата транзистори се вклучени истовремено, струјата ќе протече низ двете намотки, а не само преку транзисторите...



Еве изглед на шема во реалност заедно со позицијата на намотките...
Некои работи ми се шематски претставени заради подобра прегледност.



Еве како изгледа магнетното поле кога струјата тече низ црвената намотка.



Еве како изгледа магнетното поле кога струјата тече низ сината намотка.



Еве, стигнав до прашањето, што ќе се случи доколку струја протече низ двете намотки, знам дека ќе се создадат две спротивни магнетни полиња, ама незнам тоа каков ефект ќе има врз останатиот дел од колото, некој има претпоставка?

bicikle:
Би требало да се заштити, ова ти е повуци потегни коло(push pull) со среден извод, имат гготиви изведби разгледај...  Најверојатно ќе имаш отпор на колото кој се стреми да биде безконечен, свете струи ќе се противат една на друга...
 

KiloVolt:

--- Quote ---ова ти е повуци потегни коло(push pull) со среден извод, имат гготиви изведби разгледај...
--- End quote ---
Барав на интернет вакви изведби со теслин трансформатор и не најдов ниедна...

--- Quote ---Најверојатно ќе имаш отпор на колото кој се стреми да биде безконечен, свете струи ќе се противат една на друга...
--- End quote ---
Значи дека тоа што се создаваат спротивставени полиња го ограничува текот на струјата како што разбрав. Ако е така- конечно крај на скапите дефекти! ;D ;D Мене единствено нешто што ме одвлекуваше од изградба на вакво нешто беше цената на поправка на погоре-споменатиот дефект (ако некогаш се случи, а ќе се случи)...
Оригинално размислував за поинакво коло (слика подолу), но решив да го адаптирам за ова коло и така да го споделам, главно поради цената на елементите...

Оригинално размислував за модификација на оваа шема:



И излегов со оваа замисла на крај:



Овде по никоја случајност не може да се случи краток спој на напојувањето... :)

batka:
Киловолт,дека си барал на интернет *Барав на интернет вакви изведби со теслин трансформатор и не најдов ниедна...* и не си нашол е една многу дрска лага би рекол! Ниту си барал или пак не знаеш да бараш!!! Сто вакви теми отворивте ти и Атанас и веке не знам колку пати да кажам дека замарате со барањава- Теслин трафо-та Теслин трафо! Ако мислите дека постои универзална формула како се прави модел на Теслин трансформатор -сте се зезнале.Следете го принципот на Никола Тесла и вградете свои креации,а не цекајте дека некој ке ви даде на тацна се готово само да прецртате! Ако не сте способни за тоа,аман немој да заморувате постојано со ова тема!

KiloVolt:

--- Quote ---Киловолт,дека си барал на интернет *Барав на интернет вакви изведби со теслин трансформатор и не најдов ниедна...* и не си нашол е една многу дрска лага би рекол! Ниту си барал или пак не знаеш да бараш!!!
--- End quote ---
Ниедна изведба со два "примарни" калеми, сите се со еден примар или во ретки случаи и неколку примари, но во OLTC (Off-Line Tesla Coil (работи на мрежен напон)), не во SSTC (Solid State Tesla Coil (со транзистори)) и заради сосема поинаква причина, а и дизајнот е поинаков... И верувај ми, стотици различни изведби сум разгледувал...

--- Quote ---Ако мислите дека постои универзална формула како се прави модел на Теслин трансформатор -сте се зезнале.
--- End quote ---
Не знам за Атанас, но јас знам дека не постои, впрочем, не мислиш дека по толку експериментирање со најразлични изведби на Теслин трансформатор, научив доволно за да не мислам така... За добра, детално планирана изведба на Теслин трансформатор потребни се 5-30 формули зависно од топологијата...

--- Quote ---Следете го принципот на Никола Тесла и вградете свои креации
--- End quote ---
Е па прашањево беше баш за тоа, дали овој принцип за кој размислував е доволно добар на хартија за да го испробам...

--- Quote ---а не цекајте дека некој ке ви даде на тацна се готово само да прецртате!
--- End quote ---
Пак ќе речам, незнам за Атанас, ама јас не барам на тацна, барам само мислење, јас ќе ги завршам останатите 95% од работата...

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version