Околу форумот > Побарувања

Дискусија за проекти направени од членови и на форум

<< < (2/2)

Lux:
-Значи идејата ми е да создадеме една добра заштита за звучници,односна појачала,тука на форумов,вклучуваќи повеќе членови кои имале некакво искуство и можат да помогнат во самата конструкција на шемата,пцб,кои имале искуство со некаква заштита,и да ги исполниме потрбните точки во првиот пост што треба да поседува една заштита,и да не го повторувам она од првиот пост.

-"Од друга страна пак,темата со заштитата не е многу интересна за мнозинството.Ајде ,ке видиме за интересот,па ке се вклучиме.Имам доста експериментирано на ова тема,па имам и готови * идеи*"

-Батка и јас имам експериментирано денови и денови,и ноќи неспани,правено записи и карактеристики на самите шеми,и веќе сум создал 4-5 заштити со речиси сите потребни карактеристики кои треба да ги поседува една заштита,се разбира испробани,бидеќи повеќето шеми кои се на google се со некаква маана (она работи но...)
-
е сега ако има заинтересирани да создадеме една заедничка повелете изјаснетесе.

slidermc:
Сметам дека сите ке имаме бенефит од ваков проект, наместо да копираме од интернет, средно-жалосни шеми може сами да склопиме. Еве мал придонес од мене, мислам детекторот за клипување да биде базиран на компаратори. Така многу преcизно ке може да се наштелува кога да гаси појачалото дури при само 0.5% дисторзија (РМС стандард). Секако треба да се направат мали измени, според она што сакаме да го добиеме.

Лимитерот гаси пребрзо. Треба да се игра со оние вредности на кондензаторите кои одат во маса. Да не гаси при пик сигнали.

Lux:
Slidermc - тука во оваа тема треба само да се изјасниме кој е за,а претпоставувам дека си за,штом веќе стави и детектор,да видиме неколку дена кој е за, па ке отвориме нова тема каде ќе приложиме шеми,и комплетираме една во целост.

slidermc:
Лукс, мислам дека треба да ја започнеш темата, па кој може да помогне нека се вклучи слободно. Јас размислував и за опто компресор заштита на звучниците, што е доста интересна варијанта, нешто како на Апексот кој го имаше ти изработено.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version