Околу форумот > Побарувања

Дискусија за проекти направени од членови и на форум

(1/2) > >>

Lux:
Тука ќе дискутираме за проекти кои може да бидат направени од членови на форумов, директно на самиот форум, односно тие ќе бидат развиени на форум.

1. Заштита за засилувачи и звучниц, идеја, концепт на работа и предлози

На многумина досега кои се занимаваат со изработка на аудио засилувачи,и звучници потребна му била заштита на самите засилувачи и звучници, па сите оние членови на форумов кои имаат некакво искуство со некаква заштита, ги повикувам да создадеме една да ја наречам универзална заштита за секој засилувач.
Еве име за неа :) МФЕ-заштита (македонски форум за електроника)
Еве да тргнеме од некаде,пример што да поседува:

1.
-Напојување со трансформаторче посебно 12в / 24в
-Напоување од самото трфо на самиот засилувач

2.
-Задоцнето вклучување на самите звучници
3.
-Дц заштита на самите звучници од појава на едносмерен напон на излезот од засилувачот
4.
-Термо заштита на излезните транзстори или хибриди
5.
-Лед индикација за заштита,
6.
-Клип заштита (исклучување на звучниците при појава на клиповаше)
7.
-Краток спој на излезот од засилувачот (заштита на излезот)


Секој предлог,мислење,критика е добредојдена тука,па кој е за, може да каже колку ќе не има да изработиме ваков проект,и колку гордо би звучело,"еј оваа заштита ја имам видено некаде,о да бе таа ја создадоја на македонскиот форум за електроника" позз.

Devil:
Малку ти ја променив темава за да биде  малку повеќе „универзална“ а понатаму ќе отвориме и други теми, сега за сега нека биде вака, мислам дека нема да се лутиш околу тоа.

Јас сум за и ќе го помогнам проектот во секој поглед, односно во се она што можам да помогнам.

Lux:
Не напротив одлично си постапил,да видиме кој е уште за.

batka:
Вака поставената тема не го дефинира она што беше првобитната идеа на Lux. Премногу е  широка и не дава објаснување што се бара од другите членови.Од друга страна пак,темата со заштитата не е многу интересна за мнозинството.Ајде ,ке видиме за интересот,па ке се вклучиме. Имам доста експериментирано на ова тема,па имам и готови * идеи*, 8)

Devil:
Па да де тоа и намената на темава, општа да е, да може да се приклучат и други проекти, а за секоја после тема ќе отвориме нова каде што ќе се дискутира исклучиво на таа тематика, а тука површно само да знаеме за што се работи и која е идеата.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version