Електронски уреди > Аудио опрема

Line-out splitter?

(1/1)

MarkoMK:
Здраво. Потребен ми е некаков сплитер, така што од еден излез на звучната карта да добијам 4 излеза - за звучничињата на компјутерот, за појачало, за ТВ и за слушалки. Е сега пробав со оние од пазар сплитери, функционира, ама ми е страв да не расипам нешто, пошто на стариот компјутер една звучна ми изгоре (незнам дали беше од тоа ама претпоставувам).. Дали треба некаков предзасилувач да се стави или некако само со кондензатори да се одвојат излезите??

BorceBT:
Би требало да нема никаков проблем со тие разделниците „од пазар“ меѓутоа некои уреди (ТВ на пример) кога се исклучени го „спојуваат“ влезот и ништо не „свири“ заради него. Ако ти свиреле сите уреди уклучени или исклучени со начинот што ти бил со разделникот „од пазар“ би требало да не изгорела звучната заради тоа и било нешто друго, значи звучната би требало без проблем да „вози“ 3 до 4 нормални line-out влезови. Не ти требаат никакви кондензатори бидејќи теоретски секој line-in влез би требало во себе да има влезен кондензатор.

MarkoMK:
OK, Фала за одговорот.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version